TVIT680
·
Д-р Марк, светски познат онколог, се качил со авион за да оди на доделување на важна награда од областа на модерната медицина.
Еден час по полетувањето, авионот принудно слетал на најблискиот аеродром поради невреме. Д-р Марк изнајмил автомобил и се упатил кон својата дестинација.
Меѓутоа, бидејќи невремето се уште било силно, а навигацијата во автомобилот не функционирала, докторот погрешил и се нашол на непознат пат.
         По два часа возење сфатил дека повеќе не знае каде е. Бидејќи бил гладен и уморен решил да бара место каде што ќе може да се одмори. И така наишол на мала куќа, па излегол од автомобилот и затропал на вратата.
Непозната жена му ја отворила вратата. Докторот побарал од неа да му го позајми телефонот, но жената му рекла дека нема телефон, но му понудила да влезе и да почека додека не помине невремето.
           Гладен, мокар и уморен докторот влегол внатре. Жената му дала храна и топол чај и рекла дека ќе оди да се помоли. Докторот Марк се насмевнал на тоа и рекол дека верува само во човечка работа.
           Седејќи на масата во полумрак и пиејќи чај, докторот гледал како жената се моли над креветот каде што лежело болно момче. Сватил дека и треба помош, па кога ја завршила молитвата, рекол:
- Што точно бараш од Бога? Мислиш ли дека Бог ќе ги чуе твоите молитви?
Жената тажно се насмевна и рече: "Мојот син боледува од ретка форма на рак и лекарите овде не можат да му помогнат. Имало само еден специјалист за таа болест - некој доктор Марк. Немам пари да одам кај тој лекар, а освен тоа, тој живеел далеку од овде. Но, сигурна сум дека Бог ќе ми помогне и ќе ми одговори на молитвата“.
Докторот беше скаменет и без зборови. Едвај успеа да провлече низ забите:
"Господ е голем".
              И целиот ден му поминуваше низ глава: принудното слетување на авионот, губењето на интернет во автомобилот, погрешното вртење. Сето ова се случило не само затоа што Бог ја слушнал нејзината молитва да и помогне, туку и тој лично да добие шанса да го напушти материјалниот свет, да свати дека Бог постои и да им помогне на луѓето кои немаат ништо друго освен МОЛИТВА и цврста ВЕРА и ВЕРБА ВО БОГА!

Православие.Мк †