Погледни Ангеле

Приближи се
Не се оттргнувај,
Не двоуми се,
Побрзо пристигнувај.

Зарем не е прекрасна глетката
Луѓе одат по патишта
Иако снежна виулица
Од сите страни ги зафатила.

Се борат они својски
Падни, стани – херојски,
Иако повеќето се потпираат со стапови,
Ќе пренесат постари
Душа на помлади да се наполни.

Погледни Ангеле
Патот не е баш прав,
Знам дека занеме
Кога виде дека не водат живот здрав.
Болна им душа тегобна
Се разболела во зимава
Сеуште непрогонета
Тешко ќе &  биде ако треба да бега.

Погледни Ангеле
Патот постојано води угоре,
Види го крајот до врата отворена
Храмова врата од Црква раширена.

Пред Храмот двор ограден
И пред него вратничка мала,
Стражар стои тука везден
Патни исправи проверува.

Нели личи тоа на ограда
Преку која волк неможе да помине,
Пастир се вика оној кој ги чува овците,
За тоа, не бара награда.


Погледни Ангеле
Слетај над глави човечки ниско,
Биди околу нивното срце, побратиме,
Рака под рака да чекориме блиску.

Чувај не од птици грабливки,
Од нашите зли навики
Патека да не напуштаме
По страсни нешта да се залажуваме.

Одгони ладен ветер
Со Крила Огнени,
Примети непријател
Со Очи Небесни.

Чувај душа човечка
Со Сила Божја,
Подигни волја падната
До Престолот на верата.

Па да се наполнат Небесата
Луѓе и Ангели зад завесата,
Небо исполнето од разни чинови
Душа донесена до вечни мигови.

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: