Трка

Наутро немир подмолен
пладне замка на стишување
приквечер, на која страна сум навален ,
ноќта не е утеха на несмирените.

Мртва трка води човек
против самиот себе,
никој не поминал прекуред
ниту ќе одмине зборот кажан од Тебе.

Мерилото ни се краде
пред нашите очи одминува,
она што Ти ни го даде
во неповрат заминува.

Тегоби ни нанесуваат
мачнини не н#  заобиколуваат,
но првенствено страстите нé  заплискуваат
на патот слабостите опстојуваат.

Каква ли трка се случува
меѓу човека и неговиот живот ?
Кој ќе излезе победник
благодатта или неговиот кивот ?

Кажете ми сонце и месечино
вреди ли да се освојува светот ?
Кажете ѕвезди небесни
кој силен го надминал векот ?


Соберисе во себе
време нема за желби исполнување,
погледни се, преуми се,
текот ти е даден само за умртвување
на сето она што те прави спор,
кое за духот бива умор,
а за умот силен жубор.

Побрз Те створил Творецот
од козорог кој трча по вис висови,
не дал да те совлада уморот
да се стигне и над сите Ангели.

Само застани,
со светот не се такмичи,
со ненавидник сојуз не прави
на Љубовта само помисли,
надежта во тебе да не се умори,
верата да те изгори.

Да станеш, се исправиш,
од пепел на паднатост да воскреснеш,
пред себе на цел да пристигнеш
Љубовта прва да ја освоиш.

 Сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

17-ти јули 2018 лето Господово

 

Друго: