Израз
                                                         Одговор на начин

Зборови редам
за да се доискажам,
не дека вредам
засега поинаку  -  неможам.

Се прашувам колку има вистина
во секојдневната лага,
за да биде накалемена
на она што не е суета.

До израз би сакал да стигнам
само се прашувам каков ?
дали пред мене да замижам –
или пред вас да бидам појава на веков ?

Не може да се верува
на оној кој не се познава себеси,
па макар за него да се зборува
дури до небеси.

Решив одамна,
но кукавица храброст нема -
да одам гол пред цела вселена
но како да се откажам од сенката ?

Ме следи што ?
гордост, завидливост, љубомора …
простете – пустина
која може да ме одвлече на – дно.

После Него,
на Неа се надевам,
а очиве ми кажуваат  немо
пред вас постојано чекорам.



Вие први ќе ми подадете рака -
јас алката врзана за вас
пред никој друг не би наклонил глава
каков ли да е мигот, а камоли час.

Патуваме
се бодриме,
паѓаме, стануваме,
едни од други не се откажуваме.

Н# собра од сите краишта на вселената
да си ја поделиме радоста,
Он стана Главата
Која нe води во вечноста.

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

Друго:

 

23-ти март 2018 лето Господово

п.п.