Знамение

Од шумите дарот
подигнат помеѓу елите,
високите дрва
стокмија Твоја застава.

Долините цветни
дозволија облаци тешки,
да се спуштат над глави од цветови
но да испарат како силни дивови –
знаменија многубројни.

Врвовите планински
камењари несоѕидани,
имитација на мноштво ликови,
послужија за замоци најсилни
а на нив победни крстови издигнати.

Непрестанува,
не нe напушта,
секогаш не дочекува
како праг кој од ноѕе не се оддалечува,
Крстот на силата.

Од него се виори слободата
жубор на води е гласот на победата,
распната е силата на злобата,
немоста отвори пат на разумот -
природата се исправи на Крстот.

 

 

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

Друго:

 

 

6-ти март 2018 лето Господово