Korica.Lek.za.besmrtnost.jpg

Свештеномаченик Иларион (Троицки)

ВИСТИНСКИ ЖИВОТ ИМА САМО во ЕВХАРИСТИЈАТА

 

Korica.Lek.za.besmrtnost.jpg

Кога ги раздаваше огнените јазици, сите ги повика кон единство". Христос не ја создаде Црквата за да се зачува човечкото себељубие, туку заради негово целосно уништување. Во основата на црковното единство не се поставени правни норми кои го чуваат личниот егоизам, туку љубовта која е спротивна на егоизмот. Во Својата проштална беседа, Христос им говори на учениците: ,Ј1ова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе." (Јн. 13,34-35). Всушност, таа нова основа на црковно соединување создава органско единство, а не механичко-формално обединување на иманентно разделени личности. Самиот Христос го спореди црковното единство со органското единство на лозата и нејзините гранки (Јн. 15,1-2). Но, подетално за органското неделиво единство на Црквата ни говори светиот апостол Павле. Споредбата на Црквата со гранките постои и кај светиот апостол Павле (Рим. 11,17-24), но најчесто тој ја нарекува Црквата „тело". Самото именување на Црквата со „тело" укажува на нејзино единство; две тела не можат да бидат поврзани помеѓу себе. Но, зошто Црквата се нарекува со називот „тело"1? Што означува овој термин? Ова најубаво ни го објаснува светиот апостол Павле. Сите оние кои влегуваат во Црквата преку Светата Тајна Крштение, сочинуваат едно тело во Христа, а поединечно се Негови членови (Рим. 12,5; 1. Кор. 12,27). ,ЈЈкако што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се... Оти и телото не се состои од еден орган, туку од многу. Ако ногата рече: ,бидејќи не сумрака, не сум од телото', зар само заради тоа таа не е од телото? Иако увото рече: .бидејќи не сум око, не сум од телото', зар поради тоаувото не е од телото?... Но Бог ги наредил органите, секој од нив во телото така, како Му било угодно" (1. Кор. 12,12, 14-16, 18). „Оти, како што во едно тело имаме многу органи, но сите членови не вршат една истаработа..." (Рим. 12,4). ,ЈЈнеможе окото да и рече на раката:,Не си ми потребна', ниту, пак, главата на нозете:,Не сте ми потребниНо, Бог го направи и телото така, што на најнезначајните органи им дал најголема чест, за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за дуги. А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи; и кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи" (1. Кор. 12,21, 24-26, 28. Рим. 12,6-9). Но, како е можно остварување на вакво единство на луѓето во Црквата, во црковната заедница? Всушност, природната гревовна состојба на човекот повеќе е наклонета кон создавање на заедница заснована исклучиво на правото, затоа што гревот и е самоистакнување или себељубие, кое се чува со граѓанското право. И навистина, човекот се додека ја чува својата гревовна состојба, совршено единство може да има само во својата фантазија, без можност да се реализира во реалноста. Но, овде се се решава со вистината на Црквата. Христос не само што поучуваше за единството, за Црквата, туку и ја создаде Црквата. Он даде заповед: ,Да се љубите еден со друг", но самата таа заповед не е доволна. Таа заповед, како и секоја друга заповед, сама по себе ништо не може да направи, доколку човекот нема волја за нејзино остварување. Ако христијанството се ограничуваше само на учењето за љубовта, од него не би имало никаква корист, доколку, човечката природа која е изопачена од гревот, не би имала волја да го спроведе тоа учење во животот. За љубовта говореше и Стариот Завет, за неа говорат дури и незнабошците, но, сепак, тоа не е доволно. Разумот признава дека заповедта за љубовта е добра, но човекот постојано во самиот себе ќе открива друг закон кој се бори против законот на умот и го поробува со гревовниот закон (Рим. 7,22-23). За да се биде добар човек воопшто не е доволно да се знае само што е добро, а што е зло. Зар се сомневаме во тоа дека зло е да се греши? Тогаш зошто грешиме, ако добро знаеме дека тоа е лошо? Затоа што едно е да се знае, а друго е да се живее. Кој ја следи состојбата на својата душа добро знае како гревовите и страстите се борат со разумот и колку често тие го победуваат. Разумот се свиткува под силата на страстите; гревот како магла го сокрива од нас сонцето на вистината, ги запира сите добри сили на нашата душа. Душата која е свесна за силата на гревот секогаш е подготвена заедно со царот Манасија да каже: „Врзана сум со многу железни јазли, та не можам глава да подигнам". Дали во таква жалосна состојба единствено може да ни помогне учењето за љубовта? Но, во тоа е значењето и силата на Христовите дела, што тоа не се ограничува само на учење. На човекот му е дадена нова сила, преку која е можно ново црковно единство. Таа сила му е дадена затоа што во Воплотениот Син Божји, човештвото на најсуштествен начин е соединето со Бога. Во Црквата трае, секогаш и непроменливо заедничарење на човекот со Христос. Тоа заедничарење претставува извор на духовен живот, додека без заедничарење со Христа постои само духовна смрт. Во што се состои тоа заедничарење?
Христос говореше: „Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за живот на светот... Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден... Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него." (Јн. 6,51, 53-54, 56). Светата Тајна Причест - е заедничарење со Христос, и аналогно на тоа, извор на духовниот живот. Светата Тајна Причест ги соединува луѓето со Бога и со самото тоа ги обединува едни со други. Ете зошто Причеста е извор на црковниот живот. Смислата на Светата Тајна Причест е во нејзината црковност. Надвор од црковното единство нема ни причестување.
Карактеристично за светоотечката писменост е тоа што црковното единство е неразделиво поврзано со Светата Тајна Тело и Крв Христови. Свети Игнатиј Богоносец им пишува на Филаделфијците: „Стремете се да имате една Евхаристија, зашто едно е Телото на нашиот Господ Исус Христос и една е чашата на заедничарење со Крвта Негова, еден Жртвеник" (глава 4). Истиот светител ја нагласува црковноста на Евхаристијата: „Без епископ никој ништо да не прави во Црквата. Вистинска Евхаристија е онаа која ја извршува епископ или оние на кои епископот им дал право. Таму кај што е епископот, таму е должен да биде и народот, исто како што каде е Господ Исус Христос, таму е и Соборната Црква" (Смирјаните, глава 8). „Многу зрна", - пишува свети Кипријан Картагински, - „собрани на едно место, сомелени и размешани, сочинуваат еден леб; така и во Христос, Кој е Небески Леб, гледаме едно тело во кое е поврзано и соединето нашето мноштво".
Светоотечкото учење за црковноста на Евхаристијата и за нејзиното значење за спасението, особено длабоко и подетално го објасни свети Кирил Александриски, чиишто зборови ќе ги наведеме. „Својствено на Неговата премудрост и по советот на Отецот, Единородниот одреди еден изнајден начин за и ние да се составуваме и да се соединуваме со Бога и еден со друг, иако се одделуваме еден од друг со душата и телото во посебна личност, - и тоа на следниов начин: во едно Тело, очигледно во Своето сопствено, благословувајќи ги оние кои во Него веруваат со посредство на Светата Тајна Причест (Евхаристија), ги прави еднотелесни со Него Самиот, така и едни со други. Кој навистина би можел да ги раздвои и да ги оддалечи од природното заедничарење меѓу себе, оние кои со посредство на Светото Тело се поврзани во единство со Христа? Бидејќи, „ако сите од еден Леб се причестуваме ", сите сочинуваме едно тело (1. Кор.10,17), зашто Христос не може да се дели. Всушност, Црквата се нарекува Тело Христово, а ние, по кажувањето на апостолот Павле, сме поедини членови (1. Кор. 12,27). Сите ние, кои се соединуваме преку Светото Тело со Самиот Христос, добивајќи Го Единствениот и Неразделниот во своите тела, должни сме да сметаме дека своите членови припаѓаат повеќе Нему, отколку на нас самите".
„Христос нема да пребива во нас само по наша желба, која се состои во душевното расположение, како што Он кажува (Јн. 6.56), но секако со природно учество. Како што се соединува еден восок со друг, преку растопување на оган, и од двата се прави едно единство, така преку причестувањето со Телото Христово и Чесната Крв, Он самиот во нас, и ние во Него се соединуваме. Затоа што поинаку и не би било можно, она што е подложно на трулеж да постане достојно за оживотворување, ако не би се соединувало со Телото на Оној Кој е живот по природа, односно Единородниот."
Така, по ветувањето на Христос и по богословењето на Светите Отци, вистинскиот живот е можен единствено преку реалното заедничарење со Христос во Светата Тајна Евхаристија, но тоа заедничарење со Христос создава присоединување на луѓето едни со други, односно го создава единственото Тело - Црквата. Аналогно на тоа, христијанскиот живот по самата своја суштина е црковен.
Постои уште еден извор на новиот живот на човештвото - Духот Свети. Самиот Христос рече дека кој нема да се роди со вода и Дух, нема да влезе во Царството Божјо (Јн. 3,5), - неопходно е да се роди од Дух (Јн. 3,6,8). И кога апостол Павле говори за заедничарењето на луѓето во Црква, тој секогаш говори за Духот Свет како Извор на тоа заедничарење.
За апостолот, Црквата не е само „едно Тело", туку и „еден Дух"; и овде не се подразбира само едномисленоста, туку и единствениот Дух Божји, Кој го опфаќа целото Тело - Црквата, како што и сведочат светите Отци и Учители на Црквата. „Што е тоа заедница на Духот?"- прашува свети Јован Златоуст и одговара: „Како што во телото духот опфаќа се и придава некакво разновидно единство кое произлегува од различноста на телесните членови, така е и овде. Но, Духот е даден и поради тоа да ги обединува луѓето различни помеѓу себе по потекло и по начинот на мислење." „Со зборовите „еден Дух", тој сакал да поттикне на заемна согласност, како да вели: бидејќи добивте еден Дух и пиете од еден извор, меѓу вас не смее да има раздори." Блажени Теодорит вели: „Сите вие се удостоивте со единството на благодатта; единствениот извор се разлева во различни садови, примивте еден Дух, сочинувате едно тело." Блажени Ероним наведува: „едно е телото во смисла на Телото Христово, кое е Црква; и еден е Духот Свет - еден Дарител и Осветител на сите". Кај блажениот Теофилакт Охридски наоѓаме: „Како што во телото, духот е почеток кој ги поврзува и обединува различните членови, така и меѓу верниците постои Дух Свети, Кој обединува се, иако се разликуваме едни од други и по потекло, по природа и по занимање."
По мислењето на Апостолот, целокупниот црковен живот претставува пројавување на Божјиот Дух; секоја пројава на љубов, секоја добродетел претставува дејство на дарот на Духот. Се совршува еден и ист Дух. По кажувањето на апостолот Петар, луѓето се само управители на разновидната благодат (1. Петр. 4,10). Духот Божји Кој го проникнува во Себе целото Тело на Црквата, и Кој им раздава различни духовни дарови на членовите на тоа тело, го прави возможен новиот живот за човештвото. Он е Тој Кој ги соединува сите во едно тело, влевајќи им во срцата љубов, која во човековата природна состојба не може да претставува основа на неговиот живот и неговиот однос кон другите луѓе.
„Љубовта е од Бога" - ова кажување на апостолот Јован може да претставува заедничка тема на низа апостолски расудувања. Бог се нарекува љубов. Љубовта Христова ги опфаќа членовите на Црквата (2. Кор. 5,14). Господ управува со срцата на сите преку љубовта Божја (2. Сол. 3,5). Љубовта Божја се излила во нашите срца преку Духот Свет Кој нам ни е даден (Рим. 5,5). Љубовта е плод на Духот (Гал. 5,22). Бог нас не спаси преку обновувањето од Светиот Дух, Кој изобилно се излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител (Тит 3,5-6). Христијаните ги води Духот Божји (Рим. 8,14).
На тој начин, Духот Свет Кој живее во Црквата, на секој член на Црквата му дава сила да биде нова твар, во својот живот да се раководи од љубовта. Учењето на апостолот Павле за Црквата е нераскинливо поврзано со неговото учење за љубовта како начело на христијанскиот живот. Оваа врска слабо ја забележуваат современите учени интерпретатори, но на неа укажуваат Светите Отци на Црквата. Во врска со апостолското споредување на Црквата со тело, Блажени Теодорит, кажува: „Ваква употреба доликува на учењето за љубовта". И свети Јован Златоуст, толкувајќи ги зборовите „едно тело", вели: „Павле бара од нас таква љубов, која би не поврзувала мегу себе, чинејќи не нас нераздвојни едни од други, и такво совршено заедничарење, како да сме членови на едно тело, затоа што таква љубов раѓа големо добро." Читајќи ги посланијата на светиот апостол Павле, можеме да забележиме дека тој обично истовремено говори за Црквата и за љубовта, и тоа се разбира, од причина што, по апостолското учење, Црквата и љубовта се наоѓаат во меѓусебна врска. Целокупната христијанска добродетел кај Апостолот се заснова на вистината на Црквата.

Извор:

 „ЛЕК ЗА БЕСМРТНОСТ“-нова книга во издание на Повардарска епархија (30.05.2011)