Беседа 39

Izbor2.jpgЗошто Бог ни го дал божественото Писмо?

Како што царот, откако напишал послание до оние на кои сака да им даде грамота и свои дарови, им објавува на сите: Потрудете се поскоро да дојдете кај мене и да ги добиете од мене царските дарови; па ако луѓето не дојдат и не ги земат даровите, тогаш читањето на посланието нема да им донесе никаква полза, па дури ќе бидат осудени на смрт поради тоа што не сакале да дојдат и да се удостојат со честа од царските раце: така и божествените Писма Царот-Бог, како посланија, им ги упатил на луѓето, објавувајќи им оние кои повикуваат кон Бога и кои поверувале да го побараат и да го добијат небесниот дар од ипостаста на Неговото Божество. Зашто напишано е: „Да станете учесници во Божјата природа” (2. Петр. 1, 4). А ако човек не дојде, не побара, не прими ‡ нема да има полза од читањето на Писмото. Дури, напротив, ќе стане виновен за на смрт, поради тоа што не сакал да го прими дарот на животот од небесниот Цар, без кој дар е невозможно да се стекне бесмртниот живот, т. е. Христа. Нему слава во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Beseda36.jpgСв. Макариј Велики - БЕСЕДА 36