логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 20

Само Христос, вистинскиот лекар на внатрешниот човек, може да ја излечи душата и да ја украси со ризата на благодатта.

1. Ако некој ја нема во себе божествената и небесна риза, т.е. силата на Духот, како што е кажано: „Ако некој нема Дух Христов, тој не е Негов“ (Рим. 8, 9), нека плаче и нека Го моли Господа да ја добие оваа духовна риза, која се дава од небото, и во неа да ја облече душата, лишена од божествената дејственост (активност), зашто оној што не е облечен во ризата на Духот, покриен е со големиот срам на нечестите страсти. Како што во видливиот свет, оној кој е гол трпи голем срам и непочитување, и другарите бегаат од другарите, а роднините од своите роднини, ако се тие голи, и децата, кога го виделе татко им гол, ги свртеле главите за да не го гледаат разголеното тело на татко им, пошле „назадешкум“ и го покриле, свртувајќи ги лицата свои наназад (1. Мој. 9, 23), така и Бог се свртува од душите коишто не се облечени со потполна сигурност во ризата на Духот, кои не се облекле во сила и вистина во Господа Исуса Христа.

2. Првиот човек, кога се видел себеси гол, се засрамил. Толку е срамна голотијата! А ако телесната голотија е причина за толкав срам, со колку поголем срам и нечеститост на страстите се покрива душата којашто е гола од божествената сила (нема божествена сила), којашто ја нема на себе и не е облечена вистински во неискажливата, нетлена и духовна риза - самиот Господ Исус Христос. И секој кој е гол од онаа божествена слава треба да се срами од самиот себе и да се свестува дека е лишен од секаква чест, толку колку што се засрамил Адам, кој бил телесно гол. Иако тој си направил облека од смоквини листови, во него сепак останал срамот, зашто ја сознал својата бедност и голотија. Затоа таквата душа нека проси од Христа, Кој ја дава ризата и Кој е Оној што не облекува со слава во неискажливата светлина, и да не си прави облека од суетните помисли и да не мисли, мамејќи се со својата праведност, дека има риза на спасението.

3. Оној што останува само на својата праведност и мисли самиот да се избави, напразно и залудно се труди. Зашто секоја вообразеност во својата праведност ќе се покаже на видело во последниот ден „како извалкана облека“, како што вели пророкот Исаија: „Секоја наша правда“ беше „како извалкана облека“ (Иса. 64, 6). Затоа, да просиме од Бога и да Го молиме да се облечеме во ризата на спасението, во нашиот Господ Исус Христос, во неискажливата светлина, којашто душите облечени во Него не ја слекуваат во вековите на вековите. И не само тоа, при воскресението и телата нивни ќе бидат прославени со славата на оваа светлина, во којашто уште сега се облечени душите на верните и благородните, како што вели апостолот: „Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас“ (Рим. 8, 11). Слава на неискажливото благоутробие и милосрдие Негово!

4. И уште, како што крвоточивата жена, откако вистински поверувала и се допрела до крајот од ризата Господова, во истиот час била исцелена и се исушило нечистото течење на крвта, така и секоја душа, којашто ја има неизлечивата рана на гревот, изворот на нечистите и лукави помисли, ако Му пријде на Христа и проси од Него вистински верувајќи, ќе добие спасително исцелување од неизлечивиот тек на страстите и со силата на Исуса ќе секне, откако ќе се исуши, оној извор од кој истекуваат нечистите помисли. Но друг никој не може да ја исцели оваа рана. Зашто непријателот настојчиво се обидувал да го постигне токму тоа преку Адамовиот престап, да го рани и помрачи внатрешниот човек, господаречкиот ум, којшто Го гледа Бога. И неговите очи, кога за нив станале недостапни небесните богатства, прогледале за пороците и страстите.

5. Оттаму, човекот е така ранет, што никој не може да го исцели, освен и единствено Господ. Ова е можно само за Него. Зашто Тој дошол и го зел гревот на светот, т.е. го исушил нечистиот извор на душевните помисли. Како што крвоточивата жена им го раздала сиот свој имот на оние кои сметала дека би можеле да ја излечат, но немала никаква корист од никого од нив се додека не Му се доближила на Господа, откако вистински поверувала во Него и се допрела до крајот од Неговата риза, при што во истиот час почувствувала дека е излечена и престанало течењето на крвта, исто така и душата, во почетокот ранета со неизлечивата рана на штетните страсти, не можел да ја излечи никој, ниту од праведниците, ниту од отците, ниту од пророците, ниту од патријарсите.

6. Дошол Мојсеј, но не можел да даде целосно исцелување. Имало свештеници, дарови, десетоци, саботувања, новомесечија, миења, жртви, сепаленици, и секоја останата правда се извршувала според Законот. А душата не можела да се исцели и исчисти од нечистото течење на злите помисли, и сета нејзина правда не била во состојба да го излечи човекот, се дури не дошол Спасителот, вистинскиот лекар, кој лечи бесплатно, и се предава Себеси како цена за искупување на човечкиот род. Само Тој го извршил големото и спасително искупување и излекување на душата. Тој ја ослободил од ропстовото и ја извел од темнината, прославувајќи ја со Својата сопствена светлина. Тој го исушил во неа изворот на нечистите помисли. Зашто кажано е: „Еве Го јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29).

7. Сопствените лекарства, земени од земјата, т.е. само своите дела на правдата, не можеле да ја излечат и исцелат душата од таквата невидлива рана. Само со силата на небесната и божествена природа, со дарот на Светиот Дух - само со ова лекарство човекот можел да се исцели и да дојде до животот по очистувањето на срцето со Светиот Дух. Но исто како што таму жената, иако не можела да се исцели и и останувала раната, сепак имала нозе за да дојде кај Господа, и откако дојде да се исцели, а слично и оној слепиот, иако не можел да дојде и да Му пријде на Господа, затоа што не гледал, сепак испратил глас, кој стигнал побрзо од гласниците, зашто рекол: „Сине Давидов, помилуј ме" (Марко 10, 47), и на тој начин, откако поверувал, се исцелил кога Господ дошол кај него и му дал вид, така и душата, иако изнаранета со раните од срамните страсти, иако ослепена со гревовната темнина, сепак има волја да повика кон Исуса и да Го повикува, за Тој да дојде и да го изврши вечното избавување на душата.

8. Како што слепиот, ако не повикал, и крвоточивата, ако не пристапела кон Господа, не би се исцелиле, така ако некој не Му пријде на Господа по своја сопствена волја и не Го моли, имајќи вера несомнежлива, нема да се исцели. Зашто, зошто оние, откако поверувале, во истиот час биле исцелени, а ние се уште не сме прогледале вистински и не сме се излечиле од тајните страсти? Но Господ има поголема грижа за бесмртната душа, отколку за телото. Ако душата прогледа, според зборовите на оној кој рекол: „Отвори ми ги очите“ (Псал. 118, 18) - тогаш тие (очите) во вековите веќе нема да бидат слепи, и откако ќе се исцелат, нема да бидат одново ранети. Ако Господ, кога дошол на земјата, се грижел за распадливите тела, тогаш нели се грижи повеќе за душата бесмртна, создадена според Неговиот образ? Но поради нашето неверство, поради нашето разномислие, поради тоа што не Го љубиме Него од сето свое срце и не веруваме во Него вистински, ние се уште не сме добиле духовно исцелување и спасение. Затоа, да поверуваме во Него и вистински да Му пријдеме, за што поскоро да го изврши во нас вистинското исцелување. Зашто ветил дека ќе им даде „Дух Свети на оние, што Му бараат“ (Лука 11, 13), ќе им ја отвори вратата на оние кои тропаат на неа и ќе Го најдат оние кои Го бараат (Мат. 7, 7). И не лаже „Оној што вети“ (Тит 1, 2), Нему слава во вековите! Амин.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5806
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6624
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6408
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5602
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная