Kana.G.svadba.jpgВо овој дел од светото Евангелие, што сега го прочитавме, а и од деловите после тоа, е опишан нашиот избор, или поточно, нашиот однос со Бога. Постојат два пата на нашето спасение и нашето преживување овде на земјата, а тоа се брачниот и монашкиот.
Господ Исус Христос ги потсетува Евреите дека во почетокот Бог ги создаде машко и женско за двајцата да бидат заедно и едно. Тоа е природно, мажот и жената, машкото и женското да ги остават своите родители во свое време, да се прилепат еден кон друг и двајцата да бидат едно. Се вели дека тоа е благословено од Бога и ако човек се обиде, заради која и да било причина - превласт, прељуба, од завист или поради нашто друго да се разделат, освен заради прељуба, тогаш ги следи и осуда. Во следното зачало од светото Евангелие, Господ ги благословува децата, покажувајќи дека децата се благословени , и тоа не едно или две, како што денес се случува, плашејќи се од Божјата промисла, туку повеќе, што е и правилниото гледиште на бракот. Машкото и женското, преку заемната љубов и благословот на Бога, се спојуваат во едно, и како продукт на таа нивна љубов се раѓаат децата.
Понатаму, се вели дека доаѓа богатиот младич, кој сакајќи да Го праша што му е потребно за своето спасение, Господ му одговара: Почитувај ги заповедите и ќе бидеш спасен. Меѓутоа, тој младич кој што навистина го барал Бога, кој вистина бил исправен од младини, и ги исполнувал заповедите од младини, незадоволувајќи се само со тоа прашал: Што ми е потребно уште? Тогаш му омилел на Господ и Тој му рекол: Ако сакаш да бидеш совршан, оди и продај се, раздај на сиромаси и врви по Мене. Од ова кажаното, можете да ја сфатите големата разлика меѓу брачниот и монашкиот живот, и дека и двата се од Бога благословени. Едниот води до една точка, спасението на нашите души, а другиот продолжува до врвот - совршенството.
Вчера прочитав нешто од св Теофан Затворник, еден од од поновите големи руски светители, и светители на православната црква воопшто. Тој вели дека најчесто ние кажуваме дека бракот е природна работа за човекот, дека е нормално човекот да ги остави мајката и таткото и да се прилепи кон жената своја, двајцата да бидат едно тело, меѓутоа тој вели дека тоа не е ни обавезно, а не е ниту неизбежно. Ако тогаш ние гледаме телесно, тогаш треба да видиме дека човекот не е само од тело, туку и од душа, значи психофизичко битие. Тогаш, -вели - служењето на Бога или девствениот живот е исто така благословен од Бога, дури и повозвисен, поцелосен и поприроден, за разлика од брачниот живот. Ние, кои живеевме во комунистичко време, немавме можност за избор - сакале или не сакале, сите се жениме и мажевме. Меѓутоа, денес дојде времето кога Господ си ја покажа Својата сила и ни даде наша слобода да го избираме нашиот пат, било девствен било брачен, што значи изборот е наш - Господ ниту присилува, ниту пак, забранува.
gavril.heder1.jpgТој за нас, според нашите барања, нашите карактеристики и желби, знае што е најдобро. Но ни дал апсолутна слобода, така што ние и на Господ можеме да му речеме да или не, не мора да ја прифатиме Божјата волја и во овој случај. Но најблажено е да ја бараме не својата волја, туку Божјата, затоа што само таа е света и спасоносна, Не значи дека нема да се спасиме ако избреме по своја волја, но ќе се спасиме така како низ оган, односно преку поголеми искушенија, зашто сами сме го зеле товарот на својот избор, како Божјо допуштение. Но ако ја бараме Божјата волја, Господ ни го благословува тој пат и се ни е лесно. Благодатта Божја е со нас, и тогаш таа во свои прегратки, како во лаѓа, како што читавме денеска, ќе не води низ морето во животот и ќе не приведе кон тивкото пристаниште на Царството Небесно. Затоа, овде се вели дека има луѓе скопени од утробата, така родени, но има скопени и заради Царството Небесно - луѓе кои сакаат да живеат девствено заради тоа бесценето Царство Небесно што Господ го предвидел за нас.Амин

Извот: Манастир Св. Прохор Пчински Донибрук 

Посети: {moshits}