логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 HRISTOS.sv.Jovan.Bogoslov

За самооправдувањето (11.10.2020 13:00)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.

Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваат и да не им судат на другите, не внимаваат дека се самооправдуваат.

Понезабележлива – затоа што, најчесто, тој што се самооправдува не го фаќа моментот на гревот на самооправдувањето.

А потешка – затоа што, за разлика од судењето или осудувањето, тој што се самооправдува, покрај гревот на самооправдувањето, прави и повеќе други гревови, како на пример: непослушание, лажење, осудување, дрскост, противење на Божјата промисла, отфрлање на Божјата благодат итн. А сето тоа покажува многу лоша душевна состојба.

Ајде, по ред, нешто од нешто.

Кога нѐ прекорува духовниот отец, а ние не прифаќаме, директно Го осудуваме Богочовекот Христос дека нешто греши во однос на нас. Истовремено, не ја примаме Божјата промисла за нас, не го примаме Божјото слово за нас и со тоа ја одбиваме и Божјата благодат од нас.

Се сеќавате како жената Хананејка го прими Божјото слово за себе, кога Христос ја нарече куче, и како со тоа ја прифати и прими и Божјата благодат и Божјата промисла за себе, и како оздраве нејзината ќерка. Да ве потсетам...

Нема полош грев од самооправдувањето пред духовниот отец. Тоа сведочи за многу суета, доста гордост, високо мислење за самите себе. Самооправдувањето е пречка за каков било духовен развој и напредок; ја разорува самата суштина на христијанскиот идентитет – преку кој ја споделуваме вината за гревот на целиот свет. Итн.

Сѐ што директно значи самооправдувањето пред духовниот отец, индиректно има значење кога се самооправдуваме пред својот ближен; а тоа е исто...

За монах, пак, што се самооправдува, можам само да кажам дека – напразно дошол во манастир и слободно може веднаш да си замине. Самооправдување може да се случи само ако духовниот отец побара објаснување, и во никој друг небитен случај.

Самооправдување може да се изведе и без зборови – со говор на тело. Исто така, не треба пребрзо – за време додека некој нѐ прекорува, да побараме прошка, и тоа е вид на самооправдување. Некојпат треба да се почека. Итн., итн.

Доаѓаме во манастир со првична цел да го ставиме умот во процес на исцеление преку послушание кон духовниот отец, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва и просветлувањето на умот; не и потоа. Во овој процес не треба да паѓаме во логички или во сентиментални замки и да се самооправдуваме.

Логичка замка е ако, на пример, духовниот отец нѐ прекори за нешто кое ние сме го направиле според критериумите на одредено знаење или умешност или занает и, согласно тоа, ние сметаме дека сме во право. Но, ние не сме дошле во манастир заради, на пример, земјоделие или информатика или иконопис, туку да го ставиме умот во процес на исцеление.

Сентиментална замка е, на пример, ако духовниот отец ни се обрати нервозно. Исто така, ние не сме дошле во манастир за некој да ни ја гали суетата, туку да го ставиме умот во процес на исцеление, а со тоа и волевиот и желбениот дел на душата; како и чувствата.

Иста е целта и на самото влегување во Црквата – анонимност до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва и на просветлувањето на умот, а не бесрамна – самопромоција, на пример, на социјалните мрежи или општо; која секогаш со себе носи осудување и самооправдување. Оној што има малку памет, ќе се присети и ќе сфати што зборувам кога спомнувам привремена анонимност; на тој што нема – нема што да се објаснува.

Така што, не може да има истовремено и самооправдување и покајание. Каде што има самооправдување, нема покајание.

Тоа е...

Пресвета Богородице, спаси нас!

3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум

 

Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7335

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5794
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6394
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5592
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная