Тропар: 

"Со зборови си ги упатил народите на верата Божја; со делата си се издгинал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте"





sv.kliment.f.jpg

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици - го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште.

  • Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, којшто подоцна се нарече по Свети Климент.

Од Вечерна богослужба во храмот посветен на патронот на Македонска Православна Црква, св. Климент Охридски

vecerna.svkliment1.jpg

vecerna.svkliment9.jpg

 

Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 87)

Рече Господ: „Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во иститот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки. Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој е в поле, исто така, да не се враќа. Сеќавајте се на Лотовата жена. Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи. Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават; две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават; двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“ И, кога одговорија, Му рекоа: „Каде, Господи?“ А Он им рече: „Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.“

Старец Софрониј

  • Секое нешто што постои, постои зашто Бог мисли на него! Бог мисли на светот и светот постои! Ако ја барате волјата Божја, едноставно и со смирение, Бог може да ја промени која било состојба, дури и онаа најнегативната. Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.

 

 Друго:

 sv.Kliment.mozaik.jpg

 

посети:{moshits}