логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Тропар Св. Јон
{mp3}tropar_Sv_Jon_with_alto_wav{/mp3}

sv.Jon.jpg

 

„...Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Зашто, нема тајно што не ќе стане јавно, ниту пак, сокриено што не ќе се разбере и излезе на видело...“
(Лука, 8:16,17)


Светиот Јон Ханкоуски навистина е една прекрасна, блескава свеќа, која непрестано зрачејќи со Христова љубов, го осветлила патот на мнозина. Затоа, нека се разбере насекаде за неговите свети дела и вистината за него нека “излезе на видело“!

Кој бил светиот Јон Ханкоуски? Тоа во голема мера може да се процени од зборовите што ги оставил непосредно пред својата смрт:

 

Предсмртен аманет на Свети Јон

 

sv.Jon1.jpg


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Неочекувано открив дека наближува мојата смрт. Мислите ми се мешаат... Што да кажам? Каков аманет да ви оставам? Мили мои дечиња од Манџурија и Ханкоу...

Ќе започнам со зборовите на Апостолот на Љубовта: „Деца, љубете се еден со друг...“ И ќе завршам со истите зборови: „Љубете се еден со друг“. Тоа е заповедта на вашиот архипастир.

Со душевна радост му проштевам на секој што ме навредил. А има ли таков? И со солзи, на колена барам прошка од оној кого јас сум го навредил.

Не оставајте ги дечињата. Го слушате ли мојот претсмртен вик, драга Елисавета Николаевна? Сега сета моја надеж е во вас... За мој заменик го препорачувам протоерејот Изволски од Чан-Чун; тој беше препорачан и од Началникот на Мисијата.

Простете ми, заради Христа; не заборавајте ме во своите молитви. Запишете ме во помјаниците... И така во вечни времиња, додека не застанеме сите на Страшниот Суд.

+ Јон, епископ Ханкоуски.


Но, да дознаеме нешто повеќе за овој прекрасен светител од приложеново поопширно житие.


Неподносливо тешката состојба во Русија во 1917 година принудила стотици илјади луѓе да ја напуштат родната земја и да одат во туѓина. Меѓу нив имало и не мал број пастири на Православната Црква. Далеку од Родината, тие го зеле на себе крстот на духовно раководење на своите православни сонародници. Тој крст не бил лесен, но мнозинството пастири достојно го носеле. Еден таков пастир бил и епископот Јон Ханкоуски (Покровски), кого во 1996 година Руската Задгранична Црква го вброила во редот на Светиите.

Преосветениот епископ Јон, чие световно име е Владимир Покровски, бил роден во 1888 год. Во Калужската губернија. Останувајќи рано без родители, бил посвоен од еден селски ѓакон. Со одличен успех ја завршил Калужската Духовна Семинарија, каде во третата година бил потстрижен за монах со името Јон. Скоро после тоа бил пратен на извесно време во Свето-Воведенската Оптинска пустина.
sv.Jon2.jpg 
 
Оптинска пустина

Во оваа знаменита обител, младиот монах духовно растел под раководство на светите старци, преподобните Анатолиј и Јосиф Оптински.Преподобниот Јосиф го поучувал со овие зборови:„Ако едно дрво не го раснеш, како ќе даде плодови? Дрвото на кое израснува внатрешниот монах е пост, сецело воздржание, одење на Црковните Богослужби, телесен труд. Само тогаш на него ќе израсне плод, т.е. внатрешниот монах.“

Кога се вратил во Казанската Академија како јеромонах, отец Јон бил поставен да предава Свето Писмо. Но, наскоро започнала Првата светска војна и младиот пастир посакал да биде во борбените редови со своите сонародници, бранејќи ја Татковината. Таму тој постанал воен свештеник, а во 1916 год. поради својата примерна служба бил назначен за главен свештеник на 11-тата Армија.

Со настапувањето на Болшевичкиот пресврт, отец Јон веднаш стапил во редовите на Белата армија. Поради тоа во 1919 год. бил уапсен од безбожниците и ставен во затвор, каде што бил тешко измачуван. Но, Бог го запазил животот на својот служител. Отец Јон бил ослободен од страна на белите војски и станал главен свештеник на Јужната армија, со чии преживеани (по нејзиниот пораз) емигрирал во Кина, земајќи го на себе тешкиот крст на прогонството.

Кога пристигнал во Кина, отец Јон најпрво пребивал во Шангај, а потоа станувајќи припадник на Пекингската Духовна Мисија, се преселил во Пекинг, каде што бил произведен во чин архимандрит. Во 1922 год. во Пекинг, бил хиротонисан во епископ Ханкоуски, чија должност била духовно да го раководи стадото православни руски луѓе, изгонети од родната земја од страна на болшевиќите.

sv.Jon3.jpg

Еве како епископот Мелетиј ги опишал неговите први чекори во архипастирката дејност:

„Населението на Манџурија кое било дојдено од разни места на Русија, од религиозен аспект не било воспитано онака како што било неопходно. Новиот, простран и велелепен Храм на Мисијата бил посетуван од сосема мал број на верници; црковната проповед била многу слаба. Ревносниот служител на Божјата Црква и надарен проповедник, младиот и полн со енергија епископ Јон, пред се останато, се зафатил со устројување на својата паства во религиозно- морален  однос. Во својот Храм го востановил уставното Богослужение, оформил прекрасен хор, непрестано проповедал. Храмот постепено се полнел со богомолци и најпосле, станал тесен! Сепак, за енергичниот епископ Јон и ова не било доволно. Тој започнал во локалната гимназија да го предава Божјиот Закон. Учениците така го возљубиле, што и кога дознале дека тестот по предметот Божји Закон не бил задолжителен, тие изјавиле желба да го полагаат и на крај сите се вооружиле со прекрасно знаење.“       

sv.Jon4.jpg                                                               
Епископ Мелетиј (Заборовски), подоцна Митрополит Харбински и Манџуриски  (1869-1946).


Така светиот Јон ја просветувал руската младина, како би можеле и далеку од родната земја да ја сочуваат својата православна вера.

Светителот усрдно се грижел и за руските деца сирачиња. Во својата епархија им основал сиропиталиште и лично учествувал во во нивното воспитување. Тој секое дете го прифаќал како свое, љубејќи ги сите подеднакво, со искрена татковска љубов. Владика Јон никогаш не легнувал додека не проверел како спијат дечињата. Отскриените тивко ќе ги покриел, ќе проверел дали имаат добра облека и обувки, ќе ги прекрстел заспаните... Тој копнеел да ги организира детските кампови секое лето, и, понекогаш, и покрај премногуте обврски, успевал да земе учество и во детските игри.
А децата му возвраќале со таква силна и искрена љубов, кава што не секогаш се среќава и во семејствата.

sv.Jon5.jpg

 
Владиката во беседите со свои блиски луѓе често говорел дека главната цел на неговите трудови во устројувањето на просветителски и благотворителни установи  е: од една страна да се запазат детските души од тој организиран „поход“ на нив, таа офанзива која ја превземаат богоборците и расипувачите на христијанските морали, а од друга страна: да се поддржат преку укажување на христијанска помош во разни болести и неволји колебливите по дух луѓе, кои западнале во сиромаштија и ги изгубиле моралните принципи под влијание на безбожните и безморални пропаганди. 
 
Усрдно исполнувајќи ја Христовата заповед за љубов кон ближните, епископ Јон се истакнувал со активна пастирска дејност, грижејќи се за благосостојбата на својата паства. За три години од своето пребивање на Ханкоуската катедра, тој успеал да основа:
  • -Детско сиропиталиште, кое броело околу 40 сирачиња, на возраст од 5 до 14 години;
  • -Основно училиште, каде бесплатно се поучувале околу 500 луѓе;
  • -Бесплатна менза каде секојдневно се хранеле околу 200 луѓе;
  • -Бесплатна амбуланта, која нудела медицинска помош и го снабдувала со лекови бедното население на Манџурија;
  • -Библиотека за духовно просветување на Манџурците.

Покрај тоа, како што и претходно беше спомнато, уште на почетокот на својата духовна мисија, Светиот Јон ја зел на себе одговорноста да оформи солиден хор кој со своето пеење ќе ги украсува светите Богослужби во Св.Инокентовскиот Катедрален Храм. Со Божја помош, светиот владика набрзо успел во тоа!

sv.Jon6.jpg

 
Преосветениот владика Јон издавал и листоци со духовно-поучителен карактер и предавал лекции на Харбинските Богословско - филозовски курсеви. Со својата образованост, духовна настроеност, добротворна дејност и комуникативност, Владиката привлекувал луѓе од сите слоеви, званија и возрасти. Тој бил необично смиреномудар и скромен. Живеел скромно до суровост, обземен со непрестани грижи и трудови. Печен компир, риба и црн‘ржан леб бил неговиот омилен оброк. Носел до бедност скромна, крпена облека и обувки. Но, духовната вредност на човекот се цени по неговите дела, а не по надворешниот изглед (иако, често, токму изгледот дава јасна слика за начинот на живот на вистинските подвижници!).

Постојано грижејќи се за другите, владика Јон сосема заборавал на себе. За таквиот негов пожртвован живот пишува и Јоаким Крупенин, еден од неговите почитувачи:
„Ние не го штедевме нашиот владика, не се штедеше ни тој себе си. Часовите за прием траеа од 7 наутро до 11 навечер. Преку целиот ден река народ се движеше кон портите на неговата келија. Така беше секој ден, и за празници и во обични денови. А после 11 часот, наместо да се одмори, Владиката се зафаќаше за нова работа. Сите заминале на почивка, сите спијат, никој не смета. А тој е должен да одговори на обемната кореспонденција од деловен карактер, да го напише редовното пастирско поучение, да подготви листок за печатење, и така натака, и така натака...Само ноќниот стражар знаеше кога се гаснело светлото во келијата на трудбеникот-архипастир и кога он одел на почивка. А имало и ноќи кога светлото воопште не се гаснело - сончко ја заменувал ламбата и одново започнувал тежок работен ден.“

sv.Jon7.jpg

Водејќи свет начин на живот, владика Јон го стекнал дарот на молитва која успевала да направи вистински чуда! Во 1923/24 год. во Манџурија се појавила страшна суша. Четири месеци воопшто не заврнал дожд. Владика Јон и се обратил на својата паства: „Да се помолиме и да отидеме на Литија.“ Кога после Молебенот народот отишол на Литија, небото било потполно бистро, но одненадеж заврнал таков силен дожд, што, кога завршила Литијата, сите се вратиле во храмот потполно накиснати. Овој настан бил објавен во списанието „Православен живот“, од очевидци на чудото.

Во 1925 година, набрзо по стекнувањето на титулата епископ Ханкоуски, свети Јон заболел од ангина. Сепак, тој продолжил ревносно да ги служи светите Богослужби. Со висока температура служел на големите Празници Воздвижение на Чесниот Крст и Покров на Пресвета Богородица, и со болно грло, речиси шепотејќи, ја поучувал својата паства на евангелските вистини. Од плакнењето на неговото грло со керасин, кај владиката се јавило заразување на крвта и лекарот кој го посетил на 19 Октомври го посоветувал поскоро да се исповеда и причести. Болеста на која дотогаш никој, ниту светителот ниту неговите блиски, не и придавал посебно значење, се покажала неизлечива.

Настапиле и последните мигови од земниот живот на светиот владика. Еве како архиепископ Мелетиј ги опишува тие мигови:
„Простувајќи се од болниот, јас неколку пати настојчиво му реков дека е потребно да се исповеда, а јас утредента ќе отидам кај него со чашата на Светите Дарови. Тука стоеше лекарот, стражарејќи крај постелата на болниот, кој даде знак на согласност со мојот предлог. Веднаш по моето заминување бил повикан духовник. Владиката разбрал дека настапува неговиот последен миг и го запрашал лекарот: „Зарем е можно веќе да настапува мојот крај?“ добивајќи потврден одговор, Владиката почнал да се подготвува за Исповед и Света Причест.
Облекувајќи ја мантијата, тој изговори: „Времето настапува“. Откако се исповеда и се соедини со Светите Тајни, ја соблече мантијата, седна и на машина за куцање го напиша своето духовно завештание (аманет). Изложувајќи ја својата последна волја, тој стана, го зеде требникот и сам за себе го прочита канонот за исход на душата. Јас стоев зад него и заедно со него се молев. Лекарот одназад само по малку го придржуваше. Откако го прочита канонот, започна да се простува од присутните. Барајќи прошка, на сите им се поклонуваше пред нозете и откако сите ги благослови, легна на креветот и рече: „Јас умирам.“ Му ставија во рацете крст и свеќа, а јас започнав да ги читам моливите за одделување на душата од телото. Кога  го прочитав кондакот „Душо моја“, одеднаш во очите ми надојдоа солзи. Во тој миг оној што умираше го испушти последниот здив и замина кај Господа.“

sv.Jon8.jpg

 
На погребот на владиката присуствувале околу 8 000 луѓе (а бројот на населението во тоа време во Манџурија бил 10 000!). Сите со длабока жалост и обилни солзи го испраќале својот пастир во вечното живеалиште. Го погребале при олтарот на Св.Инокентиевиот Храм.
sv.Jon9.jpg


По смртта на Светиот Јон, за да ги утеши дечињата сирачиња митрополитот Нестор (Анисимов) им напишал:

„Владика Јон сеуште е со нас. Посебно со вас, драги дечиња, зашто за вас се грижеше најмногу од се и секогаш мислеше на вас за време на животот, а не ве остави и после смртта. Спомнувајте си за неговиот аманет, каде што он така трогателно и топло зборува за вас. Епископ Јон целиот себеси се предаде на милосрдие, сето свое срце ви го подари вам, и со сета таа љубов и сето тоа милосрдие стремејќи се кон Бога, тој ги повикува и своите мили дечиња да го следат истиот пат.А единствен начин за да го следите тој позив, дечиња, е да му
бидете благодарни на епископ Јон за се што он сторил за вас.“

 

sv.Jon10.jpg
   Митрополит Нестор Анисимов (1884-1962)


И навистина, иако го оставил светот, владиката не ги оставил своите возљубени дечиња, но продолжил да ги заштитува и да им помага, за што сведочи и следново чудо: 10-годишниот Николај многу години страдал од тешка болест на нозете и не можел да оди. Докторите ја признавале својата немоќ да му помогнат, а намачените родители тагувале што не можат да ги олеснат болките на својот син. Но, сепак, имало некој кој бил одреден од Бога да го исцели малиот страдалник. Новоупокоениот владика Јон! Тој му се јавил на младенецот во сон и му рекол: „Еве, земи ги моите нозе, мене повеќе не ми се потребни, а твоите - дај ми ги мене!“ И во тој час, малиот Николај скокнал од постела и почнал да трча воскликнувајќи од радост!

Имало и случаи кога деца на кои не им одело добро на училиште, со искрена детска вера ќе се помолеле на гробот на Св.Јон, и почнувале да напредуваат  во учењето и да постигнуваат успеси!

Овие чуда, а и многу други кои следувале потоа, ја трансформирале првенствената почит на луѓето кон владика Јон како кон смртен човек, во почит кон него како кон вистински Божји угодник!

Во 1996 година, Архиерејскиот Собор на Руската Задгранична Црква донесол одлука за вбројување на епископ Јон во редот на Светиите. Овој историски чин бил извршен на 20 Октомври, 1996 година, на денот на неговото упокојување.

sv.Jon11.jpg


Светиот Јон Ханкоуски е длабоко почитуван од верниот Руски народ, и тоа најповеќе како заштитник и покровител на дечињата. Училиштето кое дејствува во рамките на Руската Катедрална Покровска Црква во Чикаго го носи токму неговото име. Овие месеци, тамошниот детски хор  го изучува пеењето на Тропарот и Кондакот на својот прекрасен покровител!


Тропар на Св.Јон Ханкоуски, гл.4:

Си бил добар пастир на Рускиот народ, пристаниште на обратените во туѓа земја, постојано поучувајќи ги, пред се на љубовта Христова, пример на љубов нелицемерна во се покажувајќи им; затоа, светителу оче Јоно, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

Кондак на Св.Јон Ханкоуски, гл.3:

На децата не си им бранел да дојдат кај тебе, Богоблажен; си се грижел за се што им било потребно и обиталиште си им направил; по твоето скончание не си ги оставил, и момчето раслабено во сон преку видение си го исцелил; затоа ти воспеваме: Радувај се, чудотворче, Јоно преславен!

 


Светителу, оче Јоно, моли Го Бога за нас!


                                                                                  
Преведе од руски и подготви: С.Л.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 506
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »