Vecerna.Ksenija.jpg

Неделата пред Пасха е посветена на свеченото Христово влегување во Ерусалим.

   
 Многу народ излегол на пречек на Господа, Кој свечено, како Цар, влегувал во Ерусалим. Кој не воскликнувал тогаш: Осана на Синот Давидов! Но, поминале само четири дена и тој ист народ со истите тие јазици извикувал: „Распни Го, распни!“ Каков чуден пресврт! Но, зошто да се чудиме? Зарем не чиниме и ние исто кога по примањето на светите Тајни Тело и Крв Господови, веднаш по излегувањето од црква сè забораваме – и својата набожност и Божјата милост спрема нас, предавајќи се, како и порано, со делата на самоугодување, најнапред мали, а потоа и големи. Може да не поминат ни четири дена, а ние сами во себе Го распнуваме Господа, иако не велиме на другите: „Распни го!“ И сето тоа Господ го гледа и трпи! Слава на Твоето долготрпение, Господи!


Свети Теофан Затворник