Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски    

Stefan.Petkovden.jpg

Тропар на светителот, глас 1.

Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, отче преподобни, моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

               Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник.

 Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ

 

 

 

Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики

Stefan.Petkovden.jpg


                  Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

  

   14/01/Лето Господово

 Друго:

 Св.Теофан Затворник- Нова Година.Обрезание Господово.Св. Василиј Велики

 AdamiEva.jpg

(Петок  31-ва недела по Педесетница)

НОВА ГОДИНА. ОБРЕЗАНИЕ ГОСПОДОВО. СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ
              Новата година е почеток на сите денови во годината. Затоа пригодно е во тој ден во душата да се соберат сите мисли, чувства и расположенија, кои што како мисли достојни за Христијанинот, треба да управуваат со сите негови дела во текот на целата година. Нив веднаш ќе ги најдеме само што ќе помислиме што Нова година претставува во духовниот живот. Во духовниот живот Новата година постои тогаш кога оној кој што живеел во негрижа ќе почне да ревнува за своето спасение и да се труди во богоугодување. Затоа што оној кој што ќе реши такво нешто, се внатре во себе и надвор од себе одново преустројува по нови начела-старото поминува и се бива ново. Ако кај тебе веќе е така, преостанува да се обновуваш во истиот правец, а доколку не е- започни одново и кај тебе навистина ќе биде Нова година.

Stefan.Petkovden.jpg
                На тоа се надоврзува и достојно празнување. Обрезанието Господово и молитвеното прославување на споменот на свети Василиј Велики. Суштината на споменатата промена се состои во тоа човекот од тој момент да живее само за Бог( и за своето спасение), а не повеќе исклучиво за себе како претходно (со што себеси си подготвувал само пропаст). Со тоа тој ги отфрла поранешните навики, сите утехи и се она во што порано наоѓал задоволство, отсекувајќи ги страстите и похотните расположенија и се зафаќа со строго самоодрекување. Таквата промена претставува токму она што според апостолот треба да биде обрезание на срцето-она на што не опоменува и на што не обврзува празнувањето на празникот Обрезание Господово.

 Stefan.Petkovden.jpg

               Пример затоа имаме во личноста на свети Василие Велики. Така сите работи кои се нудат за размислување по повод Нова година се сведуваат на едно-на нашето внатрешно обновување преку обрезувањето на срцето. Оној кој со Божја помош во Новата година ќе се усмери на овој начин, па покрај размислувањата да го преуреди и својот живот, на најсовршен начин, христијански ќе го помине празникот и ќе се подготви за христијанско поминување на целата година. Следната година само ќе биде потребно да го повтори и да го оживее она што сега го практикува.

 пп

 Vasilica.parichka