http://www.youtube.com/watch?v=tR3xChZZaUc&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=mEVUTGerZOQ&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=IEjmojMXxpA&NR=1

Избор од кратки житија на светители од Северна Америка 

sv.Herman.Alj.jpgГерман е роден во 1758, во едноставна, трговска фамилија во предградието на Москва. Тој влегол во монашкиот живот во 1722 во Св. Троица,  Скитот на Св. Сергеј  во близина на Петербург и во 1779 бил префрлен во древниот и познат Валаамски манастир кој денеска се наоѓа на територијата на Финска.
 
Во времето кога бил во Св. Тројца, скитот на Св Сергеј, му се инфицирала десната страна од грлото и се создал гноен апцес. Не бил во можност да голта и неговата состојба се влошила, доведувајкји го близу смртта. Една ноќ додека лежел во болка, се обратил на неговата икона на Мајката Божја и ја замолил да се моли за негово здравје. Потоа тој зел една влажна крпа и со неа го избришал лицето на Дева Марија и го покрил своето отечено лице со таа крпа, продожлувајќи со молитвите. Паѓајќи во сон, тој видел визија на Светиот Теотокос како го лечи. Кога се разбудил тоа утро, отокот се повлекол и гнојниот апцес бил целосно излекуван.
 
Во 18-тиот век, руските граници се прошириле и трговците ги откриле Алеутските острови кои што формираат ланец низ Пацификот до Америка. Со отварање на овие острови, руската Црква ја препознала потребата од објавување на Словото на тамошните домородци. Светиот Синод побарал 10 мисионери да бидат испратени од Валаамскиот манастир во пастирска мисија во новата територија. Отецот  Герман беше меѓу овие избраници за оваа историска и света мисија. После патување од скоро цела година, на 24ти Септември 1794, групата пристигна во Америка и започна со својата работа.  Таа веднаш постави база на функционирање и основа училиште на островот Кодиак, учејќи ги мештаните на Руски и Алеутски јазик, патувајќи помеѓу Алеутските острови и територијата на Аласка. Неколку илјади од локалното население брзо го примија Светото Писмо и се покрстија.
 
За неколку години, повеќето членови на мисионерската група починале; но Герман живееше и работеше на Островот на елките повеќе од 40 години. Тој живееше во мала колиба. Недалеку од неа изградил школо и гостинска соба. Отец Герман ископал градина пред неговата колиба каде одгледувал компири, зелка и друг вид зеленчук. Тој работел со надочовечка сила. На пример, една зимска ноќ бил виден како носи голем трупец кој во нормални услови би требало четворица да го подигнат; на сето тоа отецот бил бос!!  Се што ќе стекнел како резултат на неговиот неизмерен труд го користел да ги нахрани и облече сираците и да обезбеди книги за неговите студенти. Тој сите ги сакал и секој сакал со него да разговара и да ги слушне неговите проповеди, особено децата, за кои тој секогаш приготвувал колачи. Тој дури разговарал со дивите животни и хранел мечки со  сопствената рака. Поради многу чудотворни настани и исцелувања кои се поврзуваат со него, тој е познат како “Чудотворец на Америка”. На пример, еден ден, земјотрес предизвикал цунами кој се заканувал да го уништи островот. Отецот Герман поставил икона од Божјата Мајка на брегот и одржал молитвена служба. Потоа, тој на луѓето им кажал дека водата ќе нарасне само до висина на иконата; и така било.
 
Малку пред да умре, Отец Герман побарал од едно од неговите духовни чеда да запали свеќи и да му ги чита Делата на Апостолите. Неговата ќелија се исполнила со прекрасна, свежа, цветна арома; и лицето на старецот почнало да свети. Отецот Герман се упокоил во Господовата 1837, на 13ти Декември. Неговите духовни чеда го држеле неговото тело легнато на земја во сиропиталиштето со недели, но телото не му се распаднало и благоуханието се задржало околу него.
 
Скоро веднаш, локалните верници го прогласиле нивниот старец за светец; и посветеноста кон Отец Герман се проширила низ цела Русија, Финска и Северна Америка. На 9ти Август, 1970-та свештенството и лаиците од целиот Православен свет се собрале во Кодиак формално да го прогласат Светецот Герман за прв светец воздигнат на овој континент. Неговиот ден се празнува на неговата комеморација на 13ти Декември.

 

Подгорви: К.Т.Н/Л.П.

Извор: Antiochian Orthodox Christian Archdiocese of North America

  Друго:

sv.German.Aljaska.jpg

Акатист кон Св. Герман Алјаскински

Споменот на св.Герман Аљаскински, прославен во-„Покров на Пресвета Богородица“,Чикаго (25.12.2010)

Свети Тикхон