TVIT742

Во древна Русија за покровител на домашните животни се почитувал св. Василиј.

        Во 4 век кога ги гонеле христијаните, жителите на градот Севастија го молеле својот Епископ, св. Власиј, да го напушти градот, за да би се сокрил од гонењата и мачењата. Св. Власиј ги послушал луѓето кои го сакале и се населил на гората Аргеос, опкружена со шуми и во која имало мноштво животни.


        Животните често доаѓале во пештерата на светителот и стрпливо чекале да ја заврши молитвата. Старецот ќе излезел од пештерата, ги благословувал животните, а тие радосно почнувале да трчкаат, да ползат, да скокаат, да му ја лижат раката на светителот, да му се умилкуваат. Болните животни св. Власиј ги исцелувал полагајќи ја раката на нив.
Еднаш на гората Аргеос дошле ловци и ги виделе мноштвото животни кои играат меѓусебе, при што лавовите не ги гонеле елените, а мечките не ги чепкале срните. Св. Власиј оддалеку ги забележал ловците, ги благословил животните и тивко им рекол:
- "Брзо бегајте, зашто ловците ќе ве испоубијат!"
Кога ловците дошле поблиску, виделе дека од животните нема ни трага, а пред нив стои сед старец.
- "Ти си врач!", рекле ловците. - "Како си ги маѓепсал животните така да те слушаат?"
- "Јас не сум врач, јас сум христијанин од мали нозе. Непријателите на верата ме истераа од градот. Подобро ми е да живеам со дивите ѕверови отколку со злите луѓе, со Христовите непријатели..."
            Многу години св. Власиј поминал во прогонство. Сите тие години се молел за луѓето, како и за своите мачители. И за сите тие години нему му доаѓале дивите животни поради неговата добрина, нежност и љубов.

 

К.Арнаудов -фб
Да, подобро е да се живее со дивите ѕверови отколку со злите луѓе, со Христовите непријатели...

01.08.2023 лето Господово

 

 

Свети Власиј — христијански светец од IV век.

Светиот свештеномаченик Власиј
11 февруари (по стар стил)

Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град свети Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните, свети Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј.

Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и тој ги милуваше.

Но, гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем, Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото, а на поплаката на една вдовица дека волкот ѝ го грабнал прасето, направи со силата на својата молитва волкот да ѝ го врати украденото.

Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата, свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на свети Власиј за напредувањето на добиците и за заштита од ѕверовите.

 

Православната црква неговиот ден го чествува на 11 февруари.