Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 ЧУДО 25.
Како света Богородица причестила еден монах со небесен леб

Bogorodica.Studenica.jpgЗа време на преподобниот Сава Осветен, во неговиот манастир имало голем број добродетелни монаси кои Му служеле на Бога. Наскоро таму дошол еден богат човек за да се замонаши и бил радосно примен. Бидејќи се уште ненавикнат на монашки труд, свети Сава не го оставал на тешка работа со другите, кои работеле до деветтиот час, а потоа оделе в црква на молитва; навечер јаделе само посно јадење. Богатиот човек, бидејќи нов, не можел да пости и да живее монашки како другите, туку јадел во ќелијата она што му носеле пријателите. Меѓутоа, светиот игумен знаел дека тој јаде, па како нов му допуштал, но му се молел на Бога да го научи на Божји страв.

Кога дошол празникот Успение на Пресвета Богородица, на 14 август, браќата отишле на работа, а светиот им порачал да дојдат порано за вечера; на новодојдениот му рекол да оди порано в црква и да гледа кога ќе дојдат браќата.

Кога дошле отците, новодојдениот имал чудно видение не насон, ами најаве: имено, видел една прекрасна же-на меѓу двајца ангели, која била посветла од сонцето. Едниот ангел во раката држел чаша полна со небесен леб, а другиот држел платно за бришење; прекрасната, пак, жена, всушност Царицата Небесна, држела златни клешти; монасите оделе еден по друг и ангелот им го бришел лицето, а потоа и се поклонувале на света Богородица, Која земала со клештите од небесниот леб и им давала на сите. Тоа кога го видел новодојдениот, и тој отишол да се удостои со тие небесни дарови. Меѓутоа, ниту ангелот го избришал, ниту пресвета Богородица го причестила, туку му рекла: „Ова е телото на Мојот Син и се причестува само оној што постел до тој час и се очистил од гревовите, а ти не постиш и како можеш да се причестиш од тој леб?" А тој рекол: „Барем нека ме избрише малку ангелот со својот убав убрус". Пресвета Богородица му рекла: „Ако сакаш да те избрише, потруди се како и другите: тие постеле и затоа ги брише. А ти немаш пост, па како ангелот да те брише?" Кога го чул ова, се уплашил и отишол при игуменот, па му кажал се што видел. А свети Сава му рекол: „Ти си го видел тоа за да се поправиш и да станеш како другите браќа". Оттогаш почнал да работи и да пости, да се труди да биде како другите браќа. На нашиот Бог слава. Амин.

(Продолжува)

 

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 

Друго:

 

 

 Друго:

 

Посети:{moshits}