Исцелува разни болести и помага кога е потребно

sv.matrona1.jpgСв.Блазена Матрона (Матрона Димитиевна Никонова) е родена 22.нов.1881год. во село Себино Епифансково- Тулска Област.Селото се наога на 20-тина км. од познатото Куликово Поле. Родена во сиромашно семејство како 4-то дете, па затоа нејзините родители се подготвуваа да ја дадат во дом уште пред да се роди. Но на сон на нејзината мајка,  се појави бела птица со човечки лик, после овој сон таа реши да ја задржат,односно да не ја даваат во детски дом.

Господ ја избрал Матрона за посебно служење, и  од самиот почеток таа носеше тежок крст покорно и трпеливо цел живот. Девојчето беше родено слепо, необично  беше  тоа што нејзините очи сегогаш беа затворени а на градите имаше крст  на кожата( како што  некој има  бемки ).

Селскиот свештеник отец Василиј,  кој беше многу почитуван од верниците како праведник и  блажен отец, имал дар да предвидува. За време на Крстевањето. кога ја потопиле во вода, отец видел благоугоден столб од пареа од кој се ширела прекрасна арома. Отецот Василиј беше пријатно изненаден и кажал сто јас многу сум крстел но ова прв пат го гледам, И тој кажа дека  тоа девојче ќе биде светец, праведник,и дека ова девојче  е дарувано од Господ. Родителите почнаа да приметуваат многу необични работи кај девојчето,на пример: Ноќе таа во црвениот агол/кос(на руски агол со икони) разговарала со икони на свој начин. Матронушка како што луѓето ја нарекуваа, беше Божја избраничка и  молитвеница. Нивниот дом се наоѓаше блиску до црквата Успение на Пресвета Богородица, прекрасен храм кој, во кој доаѓаа од  7-8 околни села. Родителите на Матрона беа со длабоко благочестие и сакаа секогаш да бидат сите заедно, целото семејство на богослужение. Матрона буквало порасна во храм, одеше на богослужение со мајка  си, а потоа сама. Кога мајка и  незнаеше каде е Матрона таа ја наоѓаше во црква. Она имала свое место во црквата, лево од влезната врата до западниот зид, каде што она неподвижно стоела за време на богослужението. Она добро ги знаеше црковните песни и  често пееше. Очигледно дека Матрона од детство имала дар за непрестајна молитва.
 

Ќерката од богата фамилија, благочестлива и  добра девица Лидија Јанкова често ја земаше со себе Матрона во Киево-Печтерска Лавра, Тројца-Сергеева Лавра,в Петербург и во  други градови и  свети места во Русија. До нас дошло предание   за средба  на Матрона со светиот праведник Јован Кронштатски кој по завршувањето на службата во Андреевскиот Собор.  Св. Јован Кронштатски побарал да се тргне народот што стоел пред Матрона и  кажа: Матронушка дојди-дојди кај мене. Ете доаѓа  8-ми столб на Русија. Значенија на тие зборови Матронушка никому не ги објаснила, но нејзините блиски претпоставувале што светиот отецот Јован предвидел нејзиното посебно богослужение во Русија и  на рускиот народ за време на гонењјето на црквата во Русија.

Лишена од можноста да гледа со своите телесни очи,Матронушка била цврсто наколонета кон Господа, постојано зреејки ја духовноста. Уште од 7-8 годишна возраст кај Матронушка се појавилн дар за претскажување и  исцелување. Од рани години она знаела не само за човечките грвови, туку и  за престапништва и  помислите. Она чуствувала приближување на разни опасности, природни и  неприродни катастрофи. После нејзините молитви луѓето добиваа исцелување и  утешение во себе. Кај Нихонови, кај слепото девојче доаѓаа луге со различни болести од околните помали и  поголеми села а и  од околните градови и  околни области. И принесуваа болни легнати кој неможеа да станат од кревет, а она ги креваше на нозе. А како благодарност кон Матрона луѓето оставаа разни прехрамбени продукти и  подароци, и така Матрона го прехранувала своето семејство.

Господ и  покажал да  мора да биде нацртана икона Образ на Мајка Богородица, “Взиискание Погибших” , која ќе биде чудотворна и  ќе го краси селскиот храм на Успение на Пресвета  Богородица. Парите за таа икона ги собираа по околните села . Денес  се извесни две такви идентични  икони. Една секогаш била со Матрона а сега се наоѓа во Покровскиот Манстир во Москва, втората била во црквата Успение на Пресвета  Богородица, а денес се наоѓа во Светиот Успенски Манастир во град Новомосковскаја.

Светињата предвидела многу случивања од животен карактер(враќање на мажи од војна, пожари,среќен или несреќен брак, вработување),  и уште предвидела општествени случувања во Русија(револуција, маченичкиот пат на царот, победа на Русија во светската војна, несреќата и  хаосот што ги донесе Перестројката.

Матрона  знаела дека  ќе треба да носи нов крст,  односно нозете на Матрона останаа без функција.
1925г. се случи Матрона да се пресели во Москва, нејзе многу и се допадна главниот град и  го нарече светиот град, притоа животот во Москва за нејзе стана многу чуден и  многустрадален. Безбожните власти многу пати се обидува да ја уапсат Светињата,  но Бог секогаш  ја одбрануваше и  властите никогаш не ја уапсија. Таа продолжи да исцелува душевно болни, помагала со молитва на луѓето кој имаа потреба од разни животни потреби. Како она  беше Божји угодник и имаше дар од Него, таа  имаше право да се моли за тие луге кои  навистина имаа потреба од тоа.

sv.matrona.zor.jpgПомоша која ја даваше Матрона беше навистина од христијанска природа. Кога почнала војната Блажената побарала да дојдат кај нејзе сите со ивови гранки. Таа  ги кршеше со раце на парчиња на  еднаква должина и  ја чистеше кората со молитва. Ближените како сведоци се сеќаваат дека сите нејзините прсти беа во рани. Матрона можела духовно да присуствува во исто време на неколку места, за нејзе тоа не преставуваче никаков проблем. Таа  често зборувала што се случува на фронтот (на недовидливи места), помагајки им  на руските војници.

Во еден ден Матрона примала по 40 луѓе со разни телесни и  душевни болки, помагаше на сите освен на тие што доаѓале кај неа со лукави намери. Тие кои  Матронушка  ја гледале како некоја исцелителка, која може да тргне магии , после средба со неа,  увидувале дека  она е Божји човек и  се преобратувале кон спасени во црковните таинства. Матрона секогаш исцелувала без да бара никаква надокнада.

Таа молитвите секогаш ги читаше гласно. Таа секогаш ставаше  акцент да таа никогаш не исцелува сама туку преку неа исцелува Бог по нејзините молитви. Таа зборела што Матронушка не е Бог туку Бог им помага. Исцелените Матронушка ги приведуваше  во вербата кон Бога и  ги исправеше од грешниот живот.

На еден  посетител кој боледувал од епилепсија,  му кажа да не треба да пропушти ниту една неделна служба и по секое исповедување да се причестува со Светите  Тајни  Христови. Животот во граѓански бракови,  таа го благословувала само со црковен брак,  и советувала  секогаш  да го носат својот крст.

Матронушка често говорела, кој ја губи верата во Бога ќе биде во беда, а кој не се покае ке умре и  ќе исчезне од лицето на земјата. Колку луѓе исчезнаа од Русија а таа  опстана и  ќе опстане. Молете се, простувајте, покајувај те се И Господ никогаш нема да ве остави.На  2мај 1952 починала.
Пред крајот блажена Матронушка кажала: сите, сите доаѓајте кај мене и  раскажувајте ми како да сум жива,  јас ќе ве сослушам и   видам  и  ќе  ви помогнам. Кога ќе умрам јас,  на мојот гроб ќе бидат малце луѓе, само блиски, а кога и тие ќе умрат, мојот гроб ке се запусти и  ретко кој ќе  го посети.

Но после многу години луѓето ќе дознаат за мене и  ќе дојдат толпи за помош во својте несреќи и  со молитва да помолам за нив на Господ. Јас на сите ќе им помогнам и  сите ќе ги ислушам. Уште мајка Матрона рече кој ќе се довери себе и  животот свој на мене,   Господ ќе ги спаси, а  кој ќе бара помош од мене јас ќе ги пречекам сите после смртта.

На нејзиниот гроб тече река од народ и  сите добиваа помош, и благодарение на тоа,  почитување кон Блажената во последните години стана многу посилно.

Вечерта 8март 1998г,  во празнична недела,  со благослов на рускиот Патријарх Алексеј Втори на Даниловските гробишта беа извадени светите мошти на Блажена Матрона. На 30 април  беа префрлени нејзините мошти во црквата Св. Отци на сите Седум  Вселенски Собори, а во следниот ден во Покровски женски манастир кај Абелмановска застава (улица Таганскаја). А на 1 мај 1998 руската православна црква ја прослави Матрона Московска.

Блазена Матрона Московска-молитвеница,помошничка во животните потреби, таа  никого не оставила без помош и  без застапништво. Ден на Матрона Московска е 19април (2мај по старо).

Од Москва за Преминпортал,

подготви : Марјан Андреевски

 Посети : {moshits}