Св. Климент и св. Наум-продолжители на Кирилометодиевото дело
Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св. Климент и св. Наум во Охрид ке беше речиси загубено и незамисливо мисионерското дело на Светите Браќа. Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник, учител и книжевник .

sv.Naum.LJ.jpg

Свети Наум Охридски  

По враќањето од Велика Моравија, Свети Наум бил задржан од бугарскиот кнез Борис во манастирот св. Архангел кај Плиска. Таму бил проповедник на христијанството на славјанскиот јазик седум-осум години. Дури, кога Свети Климент е избран за епископ на Дремвицко-величката епархија, тој го условил прифаќањето на ова високо црковно достоинство со доаѓањето на Свети Наум во Македонија за свој соработник. Барањето на Свети Климент царот Симеон ,кој што дошол на Бугарија по кнезот Борис, во 893 година го исполнил.
Свети Наум по враќањето во Македонија се оддал на испоснички и монашки живот. Го изградил манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од Охридското езеро - од манастирот св. Пантелемон, во кој служел свети Климент. Овој манастир е изграден во 895 година, а го осветил Свети Климент. Тогаш Свети Наум прима монашки чин. Манастирот подоцна е посветен на него и го носи и денес неговото име.
Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка и друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на македонско-славјанската литература и култура. Познат е како голем молитвеник, духовен учител и раководител на монасите. Се смета за основоположник на мастирскиот и монашкиот живот во Македонија и пошироко.
Свети Наум бил погребан во својот манстир. Тука и денес се наоѓаат неговите свети мошти. И по својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и чудотворец. Неговите свети мошти се чудотворни. На гробот во манстирот Свети Наум, во Охрид, се случуваат чуда. Светителот и денес му помага и му прави добрини на својот македонски народ и на сите кои со вера му се обраќаат. Лекува болни од разни болести, особено од душевни.
Црковната и просветителската дејност била високо оценувана и длабоко почитувана од свештенислижителите и од верниците, така што кон крајот на десети  век Свети Климент и Свети Наум се канонизирани за светители. Не случајно денешната обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква се нарекува Светилкиментова и го има Свети Климент за свој молитвеник и патрон.