„ Овој Свет човек додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство, за Ангелската чистота, за Христовата Спасоносна наука, од кого многумина го спознаа Богооткриеното спасоносно учење, потврдено и посведочено лично од неговиот испоснички, подвижнички и ревносен живот за Христа и Верата. За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет.

За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител). Но, исто така и по неговото Блажено упокојување, неговиот гроб и неговите Свети мошти, кои се наоѓаат во Лесновскиот манастир се исцеление на болните, радост на тажните, надеж на безнадежните и утврдување на верните. Неговиот гроб е извор на благоухание, за кое што сведочат секојдневните поклоници кои што приоѓаат.“ - Митрополит Брегалнички Иларион