Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

 

Тропар, глас 4.
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес  е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.


Седален, глас 1.
Пренесувањето на твоите чесни мошти, за нас стана почетокот на светлото празнување, преславен светителу на Господа, кое што сега го фалиме и радосно те почитуваме тебе, како светлина на Незаодното сонце, Николае, украсу на верните.


Кондак, глас 3.
Твоите мошти, светителу Николае, излегоа како ѕвезда од исток до запад; морето се освети со твоето патување, и градот Бари прима благодат преку тебе, оти заради нас се јави како извонреден, предивен и милостив чудотворец.
Икос: Со песни да го прославиме сега пастирот и учител на луѓето од градот Мир, и со неговите молитви да се просветлиме, зашто целиот се покажа чист и духовно нетлен, принесувајќи Му на Христа жртва непорочна, чиста и на Бога благопријатна, како светител очистен и со душа и со тело. Поради тоа, тој е вистински застапник и бранител на Црквата, како голем тајник на Божјата благодат.

 Подготви: Т.С.

 

Друго:

мощи_святого_Николая_Бари.jpg

22.05.2017 лето Господово