Hristos.oplakuvanje1.jpgПесна 6

Кондак, глас 8: Додете сите,  да Го воспееме заради нас Распнатиот, зашто Го виде Марија на дрвото и говореше: Иако трпиш распнување, Ти си ми Син и Бог мој.

Икос: Овцата, гледајќи Го своето Јагне влечено за колење, по Него врвеше Марија  со пуштени коси, со други жени викајќи го ова: Каде одиш Чедо? Зошто толку брзаш? Зар во Кана има и друга свадба, па таму сега иташ од вода вино да им направиш? Да одам ли со Тебе Чедо, или да Те почекам? Кажи ми збор, слово, и молчејќи не одминувај ме, Ти Кој чиста ме сочува, зашто Ти си ми Син и мој Бог.

 

Hristos.oplakuvanje.perivle.jpg

Посети: {moshits}