логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  sv.nikodim

22/10/2015   Поуки - совети

Заветот и наследството на преподобен Никодим Прилепски (Тисмански)


Преподобниот старец Никодим, последната година од соленото море на земниот живот, како во одаја полна со светлина ја поминал, молејќи се во пештерата над манастирот Тисмана. Во воздухот на псалмопевецот Давид и смирениот митар, и тој извикувал: Господи, биди милостив кон мене грешниот и не ме отфрлај!
Преданието зборува дека во манастирот слегувал само во неделите, кога учествувал на Божествената литургија и заедничката трпеза на која татковски ги поучувал своите духовни деца. Со чисти ум и уста повторувал: Деца мои, возљубете го Бога и ближниот и ќе најдете вечен мир. Ова се и единствените зборови на преподобниот што иконографијата ги забележала во химнографскиот спомен, и на свитокот во неговите раце на иконите.
Зборовите, всушност, се повторување на Христовата заповед за љубовта. Да се љуби Бога, значи да се љуби ближниот, и обратно, љубејќи го ближниот, го љубиме и нашиот Бог. Исполнувањето на оваа единствена заповед е целта на христијанинот, кој по примерот на Христос треба сиот да стане љубов и да гори од љубов.
Гревот не е ништо друго, туку онтолошко промашување, отстапување од вечната љубов на Отецот. Затоа преподобниот Никодим, живеејќи и препознавајќи во Духот, со љубов и во љубов ги задолжувал своите чеда. За него рајот е совршена љубов.

Знаејќи за денот на своето упокојување Никодим самиот си подготвил гроб во припратата на храмот, кој со љубов го посветил на чесното Богородично успение. Откако со отците благодарствено ги отслужил сеноќните Божикни служби во спомен на преславната тајна, кога природата се обновува и Бог станува човек, преподобниот, во 1406 г. На втор ден Божик (Собор на Богородица), ликувајќи преминал кон Трисолнечната светлина. Навистина е чесна пред Господа, смртта на преподобниот. Бог се сеќава на него и со ново име го нарекува (Ис. 62,2).

Смртта на преподобниот Никодим била и останува празник. По упокојувањето, од неговите мошти целиот воздух се исполнувал со благоухание – сведоштво и предобраз за прославувањето на човекот при Општото воскресение од мртвите. Нешто подоцна, како извор на чудеса се покажал неговиот гроб.
Учениците, по смртта на својот отец, не останале сами. Според нив, старецот Никодим бил секогаш присутен и дејствителен. За ова сведочи и ктиторскиот запис забележан во еден синодик: „Црквата е изградена од монахот Макариј од Тисмана, овде испратен од свети Никодим од Тисмана“. Игуменот Макариј Тисмански, со записот што го оставил, речиси 150 години по упокојувањето на преподобниот, нескриено зборува за заедничките желби на срцата и нераскинливата врска меѓу духовниот отец и синовите наследници.

Преданието, потврдено и од релевантни научни истражувања, на Никодимовата духовна школа ѝ препишува повеќе десетици манастири: во Романија (Угровлахија, Трансилванија, Молдавија), Тимочка краина во Србија и Видин во Бугарија. Силата на духовното семе е навистина голема.
Манстирите, основани од преподобниот Никодим, и по неговото упокојување претставувале штит на православието. Како расадници, тие изродиле многу отци кои продолжиле да го изградуваат црковното тело. Црковната структура во Влашко, изградена врз темелите на исихистите, кои биле будни чувари на чистотата на верата не ја прифатија унијата меѓу Цариградската патријаршија и Римската црква, склучена во 1439 г. Во Фиренца. Токму затоа, непосредно по склучената унија, Влашко и Молдавија ја отфрлиле јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и ја прифатиле јурисдикцијата на непоколебливата Охридска архепископија, која во тој период останала доследна, и затоа единствена Црква, возглавител на православието.


nikodim

Уште за време на својот живот, преподобен Никодим се покажал како „свет човек“ – жив светител на народот. Светиот Дух – Господ, е Тој што ги осветува светителите, а не актите или одлуките на луѓето. Шестотини години му беа потребни на синодалниот, на управо – административниот дел на Романската црква, за да ја препознае светоста кај преподобниот Никодим Тисмански. Конечно, со синодскиот томос на Романската патријаршија од 1955 г. свети Никодим е внесен во црковните диптиси и неговиот светителски култ е официјализиран.

Сведоштвата за многубројните чуда што ги направил светителот за време на животот и потоа, ја потврдуваат неговата светост и присутност во животот на верниците.
Уште од 15 век, владетелите од династијата на Басарабите сакале да ги пренесат неговите мошти во престолнината, и градот да го предадат во негова заштита. Но волјата на светителот била поинаква. Тој посакал неговите останки да бидат сокриени на место што до денес останало непознато. За утеха, благоизволил на верните да им го остави показалецот од десната рака, со кој за време на животот, непрестано покажувал кон Христа и Неговото царство.

За сите добродетели што ги направил свети Никодим ги направил за романската земја и народ, е почитуван речиси за рамноапостолен просветител на Романија. Земен е и за патрон, заштитник на Олтенија (област Горж).

Ликот на овој светител ги украсува ѕидовите на десетици цркви во Романија. Претставен е во свештеничко одејание, со евангелието во рака, или пак, во монашка риза и свиток во рацете, и често со срна до себе. Велат, со срна се слика, поради убавината на неговата кротка душа, оти гнев само кон змијата покажал.
Светителите им припаѓаат на сите. Тие се космополити во вистинска смисла на зборот. Грешка прават оние што се обидуваат да ги затворат во границите на одредена држава. Зар е можно тоа да го помислиме за нашата застапничка Мајката Божја, која е постојано и насекаде на земјата? Или пак, да го ограничиме вселенскиот свети Никола, почитуван како заштитник на сите краишта на земјата и оние што се далеку по морињата?
И преподобниот Никодим е светило од незалезната светлина, што ги осветлува краиштата на земјата.
Неговиот спомен не останал локален, но се раширил во повеќе земји.

Непристрасно ќе речеме дека и во Македонија свети Никодим е живо присутен. Веќе петнаесетина години, на евхаристиските собори во Прилеп и Пелагонија, тој е повикуван како молитвен застапник пред Господа. Фрески со неговиот образ се насликани во црквите „Благовештение“ (Скопски клинички центар), „Свети Никола“ (манастир Љубанци), и „Свети Наум Охридски“ (скопско Радишани).
Името на преподобниот Никодим, кој е украс и учител на монасите, кај нас го носат монаси и монахињи, а неговата служба, преведена на современ македонски јазик, се пее во прилепските манастири.
Празничната химнографија, испишана за светителот, е мелопоетика за Столбот вдахновен, Исправителот на христијаните, молитвеникот за спасението, иконата на добрините…

Никодим е огледало што не го „одразува“ сопствениот, индивидуален лик. Неговата богозаљубена личност го прима, одразува и иконизира Божјиот лик.
Нашата молитва кон него е молитва кон Божји пријател.

Преподобен оче наш Никодиме, моли го Бога за нас!
Извор: Преподобен Никодим Тисмански
жива икона на исихистичкиот монашки космополитизам

Јеромонах Никодим Солунчев

Подготвил: ѓакон Златко Крстевски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 154
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 398
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Средба со бесмртниот Бог

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Средба со бесмртниот Бог

Камо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и...

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

« »