Aleksandra.Romanova1.jpg


За домот

 Главен центар во животот на секој човек треба да биде неговиот дом. Тоа е место каде што растат децата – растат физички, го закрепнуваат своето здравје и впитуваат сè што ќе ги направи вистински и благородни мажи и жени. Во домот, каде што растат деца, сè што ги опкружува и сè што се случува, влијае на нив, и дури најмал детал може да се одрази прекрасно или штетно дејство. Дури природата околу нив го формира нивниот иден карактер. Сè прекрасно што го гледаат детските очи, се запечатува во нивните чувствителни срца. Каде и да се воспитувало детето, на неговиот карактер се одразуваат впечатоците од местата, каде што тој растел. Собите во кои нашите деца ќе спијат, играат, живеат, ние сме должни да ги направиме толку поубави, колку што ни дозволуваат средствата. Децата сакаат слики, и ако сликите дома се чисти и добри, тогаш влијаат чудесно на нив правејќи ги со истончен вкус. Но, и самиот дом, чист, со вкус среден, со прости украси и со пријатен опкружувачки вид, има бесценето влијание врз воспитувањето на децата.

Голема уметност е – да се живее заедно, нежно љубејќи се еден со друг. Тоа треба да започнува од самите родители. Секој дом е сличен на своите создатели. Истончената натура го прави и домот истончен, а грубиот човек и домот ќе го направи груб.

Не може да има длабока и искрена љубов таму, каде што управува егоизмот. Совршената љубов – е совршено самоодрекување.

Родителите треба да бидат такви, какви што тие сакаат да ги видат своите деца – не на зборови, а на дело. Тие треба да ги учат децата со примерот од својот живот.

Уште еден важен елемент од семејниот живот – тоа се односите со љубов еден кон друг; не просто љубов, а култивизирана љубов во секојдневниот живот на семејството, изразување на љубовта во зборовите и постапките. Љубезност во домот не формална, а искрена и естествена. Радост и среќа на децата им се потребни не помалку, отколку што на растенијата им е потребен воздух и сончева светлина.

Најбогатото наследство, кое родителите можат да им го остават на децата, е среќното детство, со нежни спомени за таткото и мајката. Тоа ќе ги освети деновите што идат, ќе ги чува од искушенија и ќе им помогне во суровите денови од животот, кога децата ќе го напуштат родителскиот покрив.

„Нека вашиот дом биде како градина,

Каде што радоста ѕвони во гласовите на децата,

И детството е исполнето со среќа“.

О, нека Бог и помогне на секоја мајка да ја разбере величината и славата на трудот кој и предстои, кога таа го држи на своите гради младенецот, кого треба да го изласка и воспита. Што се однесува на децата, долг на родителите е – да ги подготват за животот, за секакви искушенија, кои ќе им ги испрати Бог.

Бидете предани. Со благоговение примете ја својата свештена носија. Најтврдите вериги – тоа се веригите со кои срцето на човекот е сврзано со вистинскиот дом. Во вистинскиот дом дури и малечкото дете има свој глас. А појавувањето на младенец влијае на сиот семеен вклад. Домот, каков и да е, скромен, малечок, за било кој член од семејството треба да биде најдраго место на земјата. Тој треба да биде наполнет со таква љубов, со таква среќа, што во какви и да било краишта човек потоа да туѓинува, колку години и да не поминале, неговото срце сеедно треба да се стреми кон родниот дом. Во сите искушенија и беди, родниот дом – е прибежиште за душата.

 

 

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго: