логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Јован Златоуст: Нема да згреши тој што ќе ја нарече душата Павлова море и небо: небо, според чистотата, а море според длабочината. Секој што ќе посака да се урне во ова море, тој ќе ги најде во него сите сокровишта и драгоцености коишто се сокриени во царствотот небесно.


ratomir.pavle5.jpg“Оној кој не може, а да не проповеда”, така себеси се дефинира светиот апостол Павле, единствениот и, за сите времиња, неспоредлив благовесник на радосната вест за спасението, кој едноставно се идентификува со пораката којашто ја пренесува, велејќи: “не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене” (Гал 2,20). Тој е првиот објавувач на Евангелието на овие македонски простори, па оттаму и потребата за еден ваков нов опширен писмен запис на Павловото житие, како што е делото “Светиот апостол Павле и Македонија” на проф. д-р протоѓакон Ратомир Грозданоски, декан на ПБФ “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Роден на друг континент, пред цели два милениуми, денес светиот апостол Павле е познат насекаде, од големите светски метрополи, па сe до најмалите села во Африка. Во Рим огромна базилика се издига над местото на неговото почивалиште, нему му е посветена катедралата во Лондон, една цела држава во Бразил и нејзиниот главен град го носат неговото име, а од неодамна и аеродромот во Охрид по него се нарекува.
Креатривен, дијалогичен, дијалектичен, прилагодлив на состојбите и способен да го интегрира делот во целината. Добро вкоренет во конкретноста на животот, но слободен од товарот на овоземното, тој е во постојан стремеж кон универзалното и вечното. Тој е човек со перо и мастилница, но воедно и човек од акција. Скромен познавач на спортот, трговијата, и уште многу нешта., но експерт, пред сe во патиштата и долгите патувања, на најголемите средоземни пристаништа и на морските маршрути. Човек на верата и Евангелието, на апостолскиот живот и мисијата. Неслучајно Златоуст вели: кога ќе речеш ‘апостол’ сите мислат на Павле, исто како што зборот ‘крстител’ секому му го донесува во мисла свети Јован. Тој е близок, а истоврмено недостижен. Човек кој секој христијанин би требало добро да го запознае.
Светиот апостол Лука ни пренесува мошне важно сведоштво за еден одлучувачки момент од христијанската историја: “Во Троада, -вели тој -преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогни ни! По тоа видение веднаш посакавме да тргенеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н# повикал таму да го проповедаме Евангелието” (Дела 16,9-10).
И како што ценетиот автор на ова дело со право забележува, останува енигмата: што е тоа според коешто Павле познал дека му се јавил токму човек Македонец? Во Светото Писмо не се вели “човек од Македонија”, туку “Македонец”, а уште тогаш, во тие времиња во Македонија живееле и други народи, меѓу кои и Грци, и Римјани, и Евреи. Можеби апостолот така заклучил според облеката на оној што Бог го одбрал и го однел пред Павла во видението, или според повикот: премини во Македонија и помогни ни, или, пак, јазикот што го говорел и на којшто му се обратил, бил очигледно карактеристичен за македонскиве простори?
Како и да е, Павле не чека два пати да му се рече, па вели: “по тоа видение веднаш посакавме да тргенеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нe повикал таму да го проповедаме Евангелието” (Дела 16,10).
И така, по дводневна пловидба тој со своите придружници пристигнал во Македонија. А за да ја пренесе евангелската порака, апостолот Павле патувал навистина многу. Некои калкулирања велат дека за својата апостолска мисија тој минал над 15.000 км, патувајќи со една единствена цел: објавувањето на радосната вест на Евангелието.
Патувањата честопати го носеа свети Павле во нови градови и места. А да бидеш прифатен во еден нов амбиент, носејќи нова порака, не е воопшто едноставно! Спротивно на она коешто честопати несоодветно го претпоставуваме - тоа не било ни малку лесно, ниту за Павле, ниту за неговото време. 
 ratomir.pavle3.jpgА апостолот по природа бил мошне добар како планирач и стратег. Мошне интересен е и Павловиот избор на местата коишто тој ги избирал за својата проповед. Тој не оди по некои загубени села, во некои островчиња или на планинските врвови, туку во големи градови, центри на културата и трговијата, на политичката и економската моќ, на философските училишта, на светилишта и спортски игри. Па така, кога ќе дојде во Македонија, тој ќе отиде во градот со прекрасниот акропол, Филипи, именуван по царот Филип Македонски, кој всушност и го основал, како и во Солун “славниот град”, “кралицата на Егејското Море”, главниот град на Македонија, кој сегашното име го добил според сестра му на Александар Велики - Тесалоника.
Визијата од Троада објави една нова реалност, визија која му даде насока на понатамошниот од на христијанстото, затоа што првото стапнување на светиот Павле во Македонија беше и првата средба на Европа со Христовото евангелие, па на тој начин Македонија стана портата преку која христијанството влезе во Европа.
Самиот наслов на книгата “Светиот апостол Павле и’ Македонија”, на прв поглед, а имајќи го предвид актуелниот историски контекст на национална себезаљубеност која го исклучува другиот, може да наведе на мисла дека се работи за уште еден производ во балкански тренд. Напротив, авторот ја следи оригиналната Павлова мисла, кој самиот за себе вели дека “за сите станав сe, та по каков и да било начин да спасам некого. На Јудејците им бев како Јудеец”, а така и за останатите. Следејќи го како апостол и пратеник примерот на својот Бог и Господ, Павле не прави разлика кај луѓето и за него нема ни Евреин, ни Елин, ниту роб, ниту слободен, ниту машки или женски пол – с# е едно во Исуса Христа, вели тој. Што не сака да каже, како што тоа и кај нас често може да се чуе, дека Христос ги поништил нациите и народите, затоа што според таквата логика ќе испадне дека веќе не постојат ни мажи, ниту жени. Напротив, единството во Христа за коешто ни говори апостолот не ја брише разликата меѓу народите, како што и не ја уништива природната разлика меѓу мажот и жената, туку говори за еднаквоста и рамноправноста на сите народи пред Бога.
Вака препрочитана Павловата мисла фрла нова светлина врз Македонија како библиска земја. Во книгата “Свети апостол Павле и Македонија” не се додава ниту менува она што веќе е речено и запишано како сведоштво во новозаветните списи и забележано во Светото Предание, но суптилно и ненаметливо му помага на читателот самиот да увиди колку Македонија и Македонците му биле биле важни на апостолот.
Бог ми е сведок колку ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа… - им пишува Павле на Македонците, ... оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и во Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога… зашто верниците сами разгласуваат за вас… како му служите на живиот и вистински Бог…Така ве бевме засакале, што бевме готови да ви го предадеме не само благовестието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги….Да, вие сте нашата слава и радост!
 А “Светиот апостол Павле и Македонија” на проф. д-р протоѓакон Ратомир Грозданоски е всушност првата книга посветена на Павле и Македонија. По одминати цели две илјади години, како благодарствен одговор на посланијата до Филипјаните и Солунјаните, за прв пат имаме македонско послание за апостолот. На Павле, ова уште одамна му го должевме.

 

Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Промоција

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6418
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная