Во Атина се собраа грците и скандирајќи Македонија е грчка ја зголемуваа омразата помеѓу два едноверни народи. Пазете, за парадоксот да биде поголем оние кој треба да проповедаат мир, проповедаат омраза се мешаат како во црковната така и во световната политика.

Го зеле братот по вера но не и по нација (македонскиот народ) и го водат на распнување па дури и го распнаа а така прикован на крстот прободен не со едно ами со стотици копја, чекаат да умре. Кога овие пастири би биле во времето на Христа, сакајќи да си ги задоволат болните страсти би биле најгласни извикувачи на страшното распни го распни, а Христос кој овие водачи на еладската црква го проповедаат јасно кажа: ако му направите зло и на најмалиот ваш брат Мене сте ми направиле. Да останеме сталожени и да не наликуваме на нив за да се оправдаме пред Бога во нашата смиреност.

 

Теолог Јордан Петрески

4-ти февруари 2018 лето Господово