логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 

Соочување со Бог
o.Stefan.Frimen.jpg

Бев замолен да напишам продолжение на „богословието за ликот“. Во многу делови од Христијанскиот свет тоа е зачудувачки запоставено – и иако не е често тема на дискусија – сепак е длабоко во срцето на Православното предание.

Ништо во Стариот Завет не ја искажува личносноста на Бог повеќе од оние изрази кои се однесуваат на Неговиот лик. Човекот е опишан како создаден „по образ и подобие “ Божјо.  Но Бог се открива од изразите за Неговото лице. Да се зборува со Господ „лице во лице“ е да се зборува со Господ „лично“. Но личноста на Господ е потполно поинаква: „Не можеш да го видиш Моето лице; зашто не може човек да го види лицето Мое, и да остане жив“ (Исход 33, 20).

До доаѓањето на Христос, вистинската личност на Бог не е целосно позната. И Христос открива дека личносноста е возможна на најшокантниот начин: Оној кој Ме видел Мене, Го видел и Мојот Отец; (Јн. 14, 9). Во Јован 6, овој стих е директно поврзан со класичниот јазик кој се однесува на лицето на Бога во Исходот: „ Никој не го видел Отецот, освен Оној Кој е од Бога. Тој го видел Отца“. (Јн. 6, 46).
Бог Кој не може да се виде, бил виден од Синот. И Синот покажува дека Тој е од Отецот, зашто да се виде Синот, е исто што и да се виде Отецот. Христос, Синот на Отецот, го открива ликот Божји. Да се виде Христос е да се виде Бог.

Постои и едно дополнително запазување што би го додал, и тоа за самите очи. Христос говори за „чистото око и светлото тело“, предупредувајќи за гредата во него (наспроти „реската“). Не е само да претстоиме пред Него со непокриено лице, или дека се гледаме еден со друг, но да се виде Бог или некој друг на вистински личносен начин, бара единственост и јасност во погледот. Има длабока врска помеѓу окото и срцето.

Самото срце има мистично значење во Православната мисла. Некогаш се користи како назив за најдлабокиот дел од себеси, и може да биде исполнето со добри или лоши работи:
Срцето е едно малечко бротче, сепак и змејови има во него, а исто така и лавови; има отровни ѕверови и секакви ризници на злото. Но, таму е и Бог, ангелите, животот и Царството, светлината и апостолите, небесните градови и ризниците на благодатта – сите работи се таму. (св. Макариј).

Другпат, срцето се користи на начин кој го поистоветува со Тајното Место на Севишниот, во кое почиваат сите добри работи.

Претходното значење се рефлектира врз изразите за окото. Зашто срцето е она на што се однесува окото (претходниот стих се однесува на единственоста на срцето):

„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“. (Мт. 6, 19-21).
Поделеното срце, се свртува кон злото, го исполнува телото со темнина. Го „затемнува“ и ликот исто така.
Во уметноста на сликањето икони, последните бои што се додаваат на иконата се „светли“. Тоа се бели или златни лепенки кои ја обележуваат светлината на духовното битие. Таквата светлина е потполно отсутна од лицата на демоните или на проклетите (како Јуда). Овие светла не се наменети да создадат илузија на длабочина. Нема сенки на лицата на иконите. Всушност, светлината е преобразителната светлина Божја, која се рефлектира врз лицата од оние кои го гледаат Неговото лице.
Ги затворам овие мисли, враќајќи се кон срцето. На лицето на иконите (а често и на лицето на секој човек) има откровение на срцето. Вистината на личноста, што навистина лежи во неа, е покажана токму во лицето. Иако ова е уметничка техника, сепак е рефлекција на реалноста. Нашето сопствено лице ни го открива срцето на оние што можат да го прочитаат (а сите го можеме тоа до некој степен). Нашето однесување со нашите лица би требало да биде показател на нашата внатрешна состојба. Нашиот срам, поделеното срце, многу состојби на душата се откриени во она што го правиме, преку нашите лица.

Цврстото загледување во Бога е ретка работа. Нашата свесност за себеси и свесноста за гревот нè прават да гледаме настрана. Само мирниот поглед на Бога, неуморлив во Неговото простување, може да даде храброст повторно да ги завртиме лицата кон Него. Од слава во слава, можат да станат слични на светите икони, кои Го гледаат Него без срам и страв.

 

Подготви: Дивјаковски Златко

13-ви ноември, лето Господово 2013

Друго:

 о. Стефан Фримен - За ликот



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 852
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1123
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1068
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »