логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ДИДАХИ
УЧЕЊЕ  НА ДВАНАЕСТТЕ  АПОСТОЛИ
 
Наука Господова  за народите преку Дванаесетмината Апостоли
 
I.  Постојат две  патеки:  едната на а животот, а другата  на смртта и голема е разликата меѓу тие две патеки.
Патот на животот е овој:  прво,  „ љуби го Бога Кој те создал“;  второ,  (љуби го) „ближниот свој како себе си“.  
 И се` што сакаш да не ти се прави , и ти не го прави на другиот.

Науката пак на овие  зборови е оваа:
 „Благословувајте ги  оние кои ве колнат  и молете се за непријателите свои“
, а постете за оние кои ве гонат.  Зашто „каква ви е благодарноста  ако ги љубите оние што вас ве љубат?
Не го прават ли тоа и незнабошците?
 Но вие љубете ги  оние што ве мразат“ и нема да имате непријатели!


„Оддалечувај се од телесните и светските“ желби.
 Ако „ некој те удри по десниот образ, сврти му го и другиот “ и ќе бидеш совршен.
 „Ако некој те потера една милја, ти оди со него две “.
Ако некој ти ја „земе облеката, подај му ја и кошулата“.
 Ако некој ти го земе она што е твое, не барај го (назад), зашто не можеш.
  „На секого што од тебе ќе побара, подај му и не барај (назад)“. Зашто Отецот  сака на сите да им даваш од своите дарови.
Блажен е оној кој дава, согласно заповедта, зашто тој е невин.
Тешко на  оној кој зема.


Ако пак некој зема затоа што има потреба, таквиот ќе биде невин; а ако зема оној кој нема потреба, ќе биде суден заради тоа што и зошто зел. Кога ќе биде притеснет, ќе биде испитуван за тоа што го сторил и „нема да излезе од таму додека не го врати и  последниот динар“.
  Но, и за тоа (давање) е речено: Нека се испоти милостињата твоја во рацете твои, додека не познаеш кому ќе дадеш.


II. Втората пак заповед  (на оваа) наука (е):
"Не убиј, не чини прељуба", не блудствувај со деца,
 не прави блуд, не кради, не гатај, не употребувај маѓии,
 не го убивај детето кога ќе се зачне, ниту го погубувај кога ќе се роди.
 "Не го посакувај она што му припаѓа на ближниот" (твој); "не се колни, не сведочи лажно",
не клевети, не биди злопамтив. 
Не биди дводушен, ниту двојазичен, бидејќи двојазичноста е замка на смртта.


 Нека зборот твој не биде лажен, ниту празен, туку исполнета со дело.
Не биди алчен, ниту граблив, ниту лицемер, ниту злоќуден (= злобен), ниту горд.
 Не смислувај зол совет на ближниот свој. 
Не мрази ниеден човек, туку некои карај ги, за некои моли се, а некои љуби ги повеќе од душата своја.


III.   Сине мој, бегај од секое зло и од се` што му е слично.   Не биди гневлив, зашто гневот води кон убиство; не биди ниту завидлив, ниту кавгаџија, ниту раздразлив, зашто од сето тоа се раѓаат убиства.


 Сине мој, не биди похотлив, зашто похотата води во блуд; ниту бесрамен во зборовите, ниту бесрамен со очите, зашто од сето тоа се раѓаат прељуби.


 Сине мој, не буди погаѓач (= гатач), зашто тоа води кон идолопоклонство; ниту бајач, ниту астролог, ниту лажен очистувач (= заколнувач), и немој тоа ниту да го гледаш [ниту да го слушаш], зашто од сето тоа се раѓа идолопоклонство.


 Сине мој, не биди лажлив, зашто лагата води во кражба; ниту среброљубив, ниту славољубив, зашто од сето тоа се раѓаат кражби.
Сине мој, не се жали, зашто тоа води кон хула; ниту самонаметлив, ниту злоумен, зашто од сето тоа се раѓаат хули.
Туку биди кроток, зашто "кротките ќе ја наследат земјата". 


 Биди долготрпелив и милостив и безазлен и мирен и добар и секогаш имај страв од зборовите кои си ги чул.
Не се превознесувај, ниту  и дозволувај дрскост на душата своја. Нека не се дружи  душат твоја сп високите  (= на положај),  туку, со праведните и смирените нека се дружи .
 Се` што ти се случува , примај го  како за добро , знаејќи дека без Бога , ништо не бива.


IV.  Сине мој, сеќавај се и дење и ноќе на оној  „кој ти го говори зборот Божји“ , и почитувај го како Господа, зашто таму каде што се проповеда  Господството  (Божјо), таму е и Господ.
 Секој ден барај го лицето на светиите,  за да наоѓаш спокојство во зборовите нивни.
 Не  создавај раздор , туку скараните измирувај ги.  Суди праведно, и не гледај кој е кој, кога треба (некого) заради престап  да се искара.
 Не биди во двојба , дали (нешто) ќе биде или нема да биде.

Не биди (таков)  за примања да имаш раце испружени ,а за давање стегнати.
 Ако имаш нешто (да дадеш) што е со рацете твои (стекнато) , подај го тоа за откуп на гревовите свои.  
 Немој  да се снебиваш да дадеш, ниту да жалиш кога ќе дадеш  зашто ќе спознаеш кој е Добриот наградодавач.
 Не го одбегнувај го  оној кој е во немаштина; се` што имаш подели го со братот свој  и немој да кажеш дека  (нешто) е во твоја сопственост.  Зашто, ако сте заедничари во бесмртното  , колку ли повеќе во смртните ( нешта) ?

Не  ја кревај раката своја од синот свој или ќерката своја , туку од младоста учи ги на страв Божји.
   Не му заповедај  во лутината своја  на слугата или слугинката твоја , кои се надеваат во истиот Бог, за да не (престанат) да се плашат од вашиот заеднички Бог , зашто Тој не доаѓа да повика гледајќи на лице , туку на оние кои духот (свет) ги подготвил.
   Вие пак, слуги , потчинете се на господарите свои како на слика Божја , со почит и со страв.
 Мрази го секое лицемерие и  се` што не му угодно на Господа  
 Не ги оставај заповедите Господови , туку држи го она што си го примил, „ ни додавајќи ни одземајќи “.
  Во Црквата исповедај ги  гревовите  свои и не  и пристапувај на молитвата своја со совест нечиста.
Тоа е патот на животот.


V.  А патот на смрта е овој:
Пред се` (тој пат) е зол и со проклетство исполнет. (Зашто на него  се):
убиства, прељуби, похоти,
блуд, кражби, идолопоклонства, магии, гатања,
 грабања, лажни сведочења ,   лицемерија , дводушност , подмолност ,
гордост, злоба, самоволие, алчност, срамни зборови,   завист, дрскост, надменост, вообразеност, [не(Бого)бојажливост].

(По тој пат одат ); гонителите на добрите, оние што ја мразат вистината , љубителите на лагите , оние кои не ја знаат платата на праведноста , кои не се држат  до доброто  ниту до судот праведен , кој бдеат не` на доброто, туку на злото, од кои што е далеку кротоста и трпеливоста , кои   сиромавиот не го милуваат , не сочувствуваат со страдалникот , кои не го познаваат Создателот свој ;  убијците на децата свои, уништивачите на созданието Божјо ; ќе го свртуваат лицето свое  настрана од оној што има потреба , кои го навредуваат веќе навредениот ; подлизурковците на богатите , неправедните судии на сиромашните; преполни со секаков грев.
Спасете се, деца, од сите  такви.


VI. (1) Внимавај  некојда  не те заведе од овој (вистински) пат на науката (Господова), зашто (таквиот) те учи  настрана од Бога.
 Ако можеш  да го носиш сиот јарем Господов , тогаш ќе бидеш совршен;  а ако не можеш, колку можеш, толку и прави.  Во однос  на (употребата) на храна , држи се до она  што можеш , но, особено чувај се  ( да не јадеш )  од жртвата идолска, зашто тоа е служење на мртвите богови.


 VII.  А во однос на Крштението, вака крштевјте:
Откако претходно се` ова ќе го кажете   (поучите), „крштевајте во името на Оца и Сина и Светиот Дух“   во проточна вода .
 Но, ако немаш проточна вода , крштевај во друга (вода). Ако не множеш во студена , тогаш во топла.  А ако  ни една ни друга немаш, тогаш истури вода  три пати врз главата во име на Оца и Сина и Светиот Дух.  А пред крштевањето , претходно нека постат оној кој крштева и крштеваниот  и ако можат и некои други.  А ќе му наредиш на крштеваниот да пости еден или два дена порано.


 VIII.   А постовите ваши нека не бидат со лицемерите. Зашто тие постат во понеделник и четврток во седмицата , а вие постите во среда и петок.

И не молете се како лицемери,  туку, како што Господ заповедал во Евангелието, вака молете се:
Оче наш кој си на небесата ,
 да се свети името Твое;
да дојде царствто Твое;
да биде волјата Твоја  како на земјата , така и на небото;
лебот  наш насушен дај ни го денес,
и  прости ни ги долговите наши 
како што и ние им ги проштеваме на нашите  должници
и не воведи не  во искушение ,
но избави не од лукавиот.
Зашто Твоја е силата и славата во вековите!“

Три пати дневно така молете се.


 IX.   А  во однос на  Евхаристијата (=Литургијата), вака правете го благодарењето:
Прво  за чашата (говорете):
 Ти благодариме , Оче наш,
за светата лоза на  Давида слугата Твој,
која си  ни ја  објавил  преку  Исуса Синот Твој.
Тебе слава  во  вековите !

А за лебот што се крши  (говорете):

 Ти благодариме , Оче наш,
за животот  и познанието (,),
кои си ни ги објавил преку Исуса Синот Твој.
 На Тебе слава во вековите!
Како што  овој леб (што го кршиме)  бил расеан по горите  и собран постана еден , така, нека се собере Црквата Твоја  од краевите на земјата во Царството Твое.
Зашто Твоја е славата и силата низ Исуса Христа во вековите!
А од вашата Евхаристија  (=Литургија)  никој нека не  јаде  и  нека не пие ,  освен крстените  во името на Господа; зашто за тоа рекол и Господ:
 „Не давајте ги светињите на  кучињата“.
 
X.  По  причестувањето, пак, вака   благодарете:

 Ти благодариме , Оче Свети, за Светото Име Твое  кое го всели во срцата наши.
И за познанието и верата и бесмртноста ,
Кои нам си ни ги објавил низ Исуса Синот Твој.
На Тебе слава низ вековите!
Ти , Владико Седржителу,
се` си создал заради Името Твое,
И храна и пиење си им дал  на луѓето за уживање,
За Тебе да Ти благодарат;
 Нам пак духовна храна си ни дарувал  и пиење и живот вечен преку Синот Твој.

Пре се ` Ти благодариме зашто си Моќен.
 На Тебе слава низ  вековите!

Спомни си Господе на Црквата Твоја
Да ја избавиш од секое зло
И да ја восовршиш во љубовта Твоја;
и  собери ја од четирите ветрови, неа, - осветена,,
Во царството Твое што си и го подготвил.
Зашто Твоја е силата и славата во вековите!


  Нека дојде Благодатта  Твоја , и нека помине овој свет.
Осана  на Бога  Давидов!
Ако некој  е свет  , нека пристапи, а кој не е , нека се покае.
Маран ата  - Амин!
А на  пророците  дозволете им да благодарат, колку што сакаат.
 
XI.   Ако  пак  некој (ви) дојде и ве учи на сево ова што понапред е речено, примете го.  А ако тој кој учи застрани и почне да учи друга наука за да да ја расипе (оваа наука). Тогаш немојте да го слушате; а ако (учи) за да ја умножи правдата и познанието Господово, примете го како Господ.
А  во однос на пророците и апостолите , согласно заповедта на Евангелието, вака чинете:  Секој апостол кој доаѓа кај вас нека биде примен како Господ .
  Но, нека не останува повеќе од еден ден; ако пак има потреба, тогаш и вториот ден.
 А ако остане три дена, тогаш  е лажен пророк.
А кога апостол ќе заминува (од кај вас) ништо нека не зема освен леб, колку до (идното) преноќиште; ако пак бара и пари, тогаш е лажен пророк.

И секој пророк кој говори во Духот не искушувајте го и не судете го, "зашто секој грев ќе се прости", а овој грев "нема да се прости".
 Но не е секој кој говори во Духот пророк, туку ако има и однесување.
(= добродетели) Господови.   Според начинот, значи, на однесувањето се распознава лажниот пророк од пророк (вистинскиот).
 И секој пророк кој во Духот одредува трпеза (=ја поставува за сиромашните), нема да јаде од неа, инаку е лажеи пророк.


 А секој пророк кој што учи во вистината, ако не го твори тоа што го учи, лажен пророк е.  Секој пак пророк опробан, вистинит, кој ја гради тајната на Црквата во светот (= се подвизува  за сесветската тајна на Црквата), а не учи да се прави сето она што тој го прави, нека не биде осудуван од вас, зашто тој со Бога има суд; зашто така исто правеле и старие пророци.
 А ако некој каже во Духот: дај ми пари или нешто друго, таквиот  немојте да го слушате. Ако пак каже да се даде за други кои оскудеваат, никој нека не го осудува (за тоа).
 
XII. Секој кој доаѓа во името Господово, нека биде примен; потоа пак испробувајќи го ќе дознаете (каков е), зашто ќе имате (толку) разборитост да разликувате десно и лево.
 Ако тој кој ви доаѓа е минувач, вие помогнете му колку можете, но нека не останува кај вас повеќе од два или три дена, ако е тоа потребно.
 Ако пак сака да се насели (кај вас), а знае некој занает, нека работи па нека јаде.
 А ако не знае занает, вие според вашата разборитост  погрижете се, за со вас да не живее безработен христијанин.  Ако тој не сака така да работи, таквиот е христотрговец (^;). Вардете се од таквите.

 


XIII.   Секој вистински пророк, кој сака да се насели кај вас, достоен е за храната своја.  Така исто и вистинскиот учител достоен е и тој како работник за храната своја.
 
Секоја првина од плодовите на пивницата и од гумното, од добитокот и овците, земи ја и дај ја првината на пророците, зашто тие се првосвештеници (;=епископи) ваши.
 А ако немате пророци, дајте им на сиромашните.
 Ако подготвуваш  лебови, земи ја и подај ја првината (од нив), по заповед.
 Исто така, кога ќе отвориш сад со вино или масло, земи ја првината и дај ја на пророците.
 И од парите и од облеката, и од секој имот, земајќи ја  првината, колку што самиот сметаш, подај по заповед.


XIV.  А во неделата Господова, собирајќи се заедно, кршете го лебот и вршете Евхаристија (=Литургија), исповедајќи ги претходно гревовите свои, за жртвата ваша да биде чиста.
 Секој пак оној кој има спор со другар свој нека не доаѓа на собирот со вас, додека  не се измират, за со тоа  да не се извалка жртвата ваша.
 Зашто тоа е  онаа (жртва) за која Господ рекол:
 "Во секое место и време ќе ми принесувате жртва чиста, зашто јас сум Цар голем, говори Господ, и Името мое е чудесно меѓу народите".

 


XV.    Изберете си епископи и ѓакони достојни на Господа, луѓе кротки и несреброљубиви и вистински и проверени, зашто тие ви служат служба на пророците и учителите. Немојте, значи, да ги пренебрегнувате, зашто тие се ваши достоинственици (=чесни) со пророците и учителите.
 
Исправајте се едни со други, не во гнев туку во мир, како што стои во Евангелието; а со секој оној кој греши против друг никој нека не разговара, ниту немојте да га слушате, додека  не се покае.  А вашите молитви и милостињи и сите дела (ваши) правете ги така како што стои во Еевангелието на Господа наш.

XVI.  Стражарете над животот ваш; "светилниците ваши нека не згаснат, и бедрата ваши нека не ослабат, туку бидете подготвени; зашто не го знаете часот во кој Господ ваш ќе дојде".
 А собирајте се почесто заедно, барајќи го она што им одговара ( = доликува) на душите ваши. Зашто нема да ви користи сето време на верата ваша, ако во последното време не се покажете совршени.

Зашто во последните денови ќе се намножат лажни пророци и упропастувачи, и овците ќе се претворат волци и љубовта ќе се пресврти во омраза.  Зашто  кога безаконието ќе расте, луѓето едни со друг ќе се омрзнат и ќе се  прогонуваат и предаваат. И тогаш ќе се јави обманувачот на светот ( = козмопреварант) како син Божји и ќе прави знаци и чудеса, и земјата ќе се предаде во рацете негови, и ќе прави безаконија (какви што никогаш од века немало.


 Тогаш родот човечки ќе дојде во огнот на испитивањето и "ќе се саблазнат многумина и ќе пропаднат, а оние кои ќе претрпат (издржат) во вератаи своја, ќе се спасат" од тоа проклетство.

И тогаш ќе се појават знаци на Вистината: најнапред знакот на отворањето ( (=знак на појавата Господова) на небото, потоа знакот на гласот на трубата, и третиот (знак): воскреснување на мртвите.
 Но не на сите (заедно), туку како што е речено:
"Ќе дојде Господ и сите светии со Него".
Тогаш светот ќе го здогледа Господа каде доаѓа на облаците небесни".
                                                                                             

--------------------------------------------------------------------------------

Овој ранохристијански спис настанал во време на Светите Апостоли, напишан е од еден апостолски ученик помеѓу 60. и 80. година од првиот век на животот на Христовата Црква на Исток, некаде во околината на Антиохија во Сирија. Делото е пишувано библиски просто и едноставно и претставува резиме на основната наука Христова и Апостолска (Катахизис). – Овој превод е од грчкиот оригинал (од најновите критички изданија на Апостолските Отци.
 
Превод од српски: Мирјана Даниловска
 
http://www.verujem.org/sveti_oci/didahi.html



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5768
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6585
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6368
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5563
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная