логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 ДЕЛ ВТОРИ

ДУХОВНИОТ СТАЖ НА ЈЕРОМОНАХОТ ЈОВАН ВО БИТОЛА


E
сента во 1928 година во Битола дојде Јеромонахот Јован Максимович, бидејќи од Светиот ѵѴ Синод на Српската Црква бил назначен за контрактуален суплент во Богословијата. Во почетокот на оваа учебна година, од 15 наставници, седуммина беа Руси, од кои: двајца - монаси, еден - свештеник и четворица - мирјани.
Ние, учениците од Гимназискиот интернат при Богословијата, подолго време по ништо не го делевме отец-Јована од другите наставници, освен што ни беше тешко да го разбереме кога ни зборуваше. Поголемите ученици-богослови, од ден на ден забележувале некои посебности кај него, па од нивните разговори дознававме дека новиот наставник брзо се приспособил кон новата за него средина, дека бил пристапен за сите, многу скромен и др.
Отец Јован живееше во приземна соба на една помала зграда, веднаш спроти зградата на Интернатот за гимназистите. Еве како отпосле ја опишува неговата соба поголем наш соученик-гимназист:
„Еден од постарите ученици ме покани да отидеме заедно кај отец-Јована. Пред вратата тој изговори: „Молитвами свјатих отец наших, Господи Исусе Христе, Сине Божиј, помилуј нас!" Однатре се слушна глас: „Амин!" Влеговме и му целивавме рака.

„Признавам, бев љубопитен. Дете дојдено од село, за мене професорска соба значеше нешто посебно и дури непристапно. Но, бев изненаден од она што видов: долга маса, со куп книги на неа; покрај масата седеше тој, со отворена книга пред него; покрај едниот ѕид имаше кревет и на него покрај ѕидот пак книги и закачени - икони; на зглавјето од креветот стоеше отворена кутија.
„По нас дојдоа уште тројца богослови, па еден од нив и дојдениот со мене веднаш почнаа да работат со отец-Јована, а другите двајца седнаа на крајот од креветот и без да прашаат си земаа од она што имало во кутијата; тие се честеа и си шепотеа, а јас се чудев на нивната слобода пред професорот!"
Учениците-гимназисти при Богословијата најпрвин го запознавме отец-Јована преку состаноците, што тој редовно ги одржуваше со нас спроти недела и другите празници. Овие состаноци се одржуваа по вечера и на нив се читаше текстот од Светото Евангелие, предвиден за читање на Светата Литургија во наредниот ден. Прочитаното од Евангелието се прераскажуваше од нас, а о. Јован дополнуваше со објасненија; исто така, тој накратко ќе изнесеше нешто од житието на утрешниот Светител.
За наша возраст постоеше и посебна Библиотека, во чиј склоп влегуваше и литературната дружина - „Нова светлост". Една година о. Јован беше надзорен наставник. На состаноците се читаа лични творби, а потоа се дискутираше. Во дискусиите се изнесуваа различни мислења. Што е природно за деца под 15-годишна возраст, понекогаш со посебен жар се застапуваа или бранеа одделни погледи и ставови, па понекои од нас и се заборававме. Тогаш, нашиот отец покажуваше ретко трпение секого да го ислуша до крај. Најпосле, тој успеваше да ги усогласи мислењата по секое прашање и така сё добро завршуваше.
Иако млади и неопитни, ние ја чувствувавме неговата толерантност и непристрасност, па затоа го почитувавме и го засакавме. Како тука, така и во сё друго понатаму ние ја сеќававме неговата љубов кон нас.
Нашата генерација, по завршениот тогашен четврти клас гимназија, преминавме во Богословија (станавме богослови прва година!). Пред да замине за Шангај, отец Јован во првите две години во Богословијата ни предаваше Свето Писмо на Стариот Завет, а беше и помошник-воспитувач на сите ученици. Во продолжение ќе изнесеме некои моменти од неговата задолжителна дејност, како наставник и воспитувач, а потоа ќе се задржиме и на други негови дејности, вон часовите, што тој доброволно ги вршеше, се разбира, со подеднаква редовност и ревност.


2. МЕТОДСКИОТ ПРИСТАП ВО НАСТАВАТА. Нашиот први клас броеше 29 души, од кои 24 новодојдени во Богословијата и петмииа бевме од Гимназискиот интернат. Паѓаше во очи дека отец Јован, на еден или друг начин, многу брзо ги научи имињата на сите. Со ова, како да беше воспоставен меѓусебниот контакт, па понатаму работата врвеше поуспешно. На секого од нас, а посебно на новите ученици, мило ни беше кога ќе задолжеше некого за нешто, спомнувајќи му го името.
Отец Јован часот го почнуваше со зборовите: „Ну, што се читаше денес на Утрена од Светото Евангелие?" Со овој свој посебен метод тој не научи не само да присуствуваме, туку и да учествуваме во Светата Богослужба, т.е. да внимаваме што се чита и што се пее во храмот.
На часовите, главно за него беше да се прочи-та текстот од Светата Библија, распределен по глави. Исто така, тој имаше свој начин за проверка на зададеното. При објаснување зборуваше пополека, но на „нешто" подолго ќе се задржеше, понагласено ќе го објаснеше, како да сакаше со „инка" во нашите глави да го пренесе. Ние свикнавме на овој негов начин на предавање и знаевме дека токму тоа „нешто" ќе го бара од нас кога ќе испитува. Благодарение на отец-Јована, како уште и на еден наш наставник, ние научивме од нивните предавања да го издвојуваме битното од небитното. Од она, пак, што отец Јован даваше характеристика на одделни личности од Стариот Завет, едни определени за доброто, а други - за злото, ние почнавме да разликуваме што е волја Божја, а што е човечка.
Во погорните класови, во тоа време, тој предаваше Пастирско багословие и Литургика со црковно правило.
Како отец Јован ја сфаќал пастирската служба и во кој дух и правец ги насочувал своите ученици, идните свештенослужители, нека ни послужат неговите зборови, искажани при приемот на неговата архипастирска служба. Тој тогаш го цитирал Свети Јован Златоуст, велејќи: „....Зошто пастирската служба е толку голема во очите на Господа? Затоа што пастирите, според зборовите на Свети ап. Павле, се „Божји соработници" (1. Кор. 3. 9). Христос дошол на земјата да ја обнови изопачената слика Божја во човекот, да ги повика луѓето на заедништво и на единство со Бога, да го отстрани неединството меѓу луѓето и да ги соедини во еден нов човек, кој со една уста и со едно срце ќе го прославува својот Творец. Должноста и на секој пастир е да ги доведува луѓето до тоа единство, да ги преродува и да ги осветува. Α има ли нешто повозвишено од преродбата на Божјите суштества?"...
Според своите разбирања за пастирството, овој вистински пастир во даден момент ќе извика: „Каква поголема корист може да се придонесе на својот ближен, од тоа да го подготвиш за вечен живот!" И навистина, во целиот свој живот, од почетокот до крајот, отец Јован покажал дека меѓу она што мислел и зборувал, од една страна, и тоа што го правел од друга, кај него не постоела ни најмала разлика. Секако, на тоа ги учел и своите ученици, идни исполнители на Христовото Евангелие.
По кажување на постарите ученици, од областа  Литургика со црковно правило, отец Јован беше вовел нешто ново, кое не постоело пред неговото до¬аѓање во Богословијата. Имено, дежурните ученици (чредни) во двете главни градски цркви, „Свети Димитриј" и „Света Богородица", попладне задолжително одеа во собата кај отец-Јована, заедно да го поминат Правилото за читање и пеење на Вечерна и Утрена за 24 часа (црковно сметање!). За оваа цел тој ги имаше во својата соба сите потребни бого службени книги.
Ова поврзување на теоријата со практиката било од голема корист за идните свештенослужители. Признанието доаѓа од сите оние, кои ја имале таа среќа да го минат со отец-Јована овој „практикум".
Со заминувањето на нашиот отец Јован, за жал, воведената од него новина не продолжи, зашто неговите наследници, по оваа научна област, не ја прифатија. Се разбира, не од причина што таа беше излишна, но затоа што требаше да се жртвува време и да се вложува неплатен труд, за кое нешто другите беа неподготвени.
Па не само во поглед на наставата, туку и во воспитувачката дејност се почувствува не мала разлика меѓу отсутниот наш отец Јован и другите од наставниот кадар во Богословијата.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 853
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1123
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1069
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »