sv.Nikola.Japonski4.jpg

100 години од упокојувањето на свети Никола, Архиепископ Јапонски

sv.Nikola.Japonski.jpg

sv.Nikola.Japonski.jpg

sv.Nikola.Japonski.jpg

Рамноапостолниот светител, Архиепископот Јапонски Никола, православието во Јапонија го донел во IX век. Во 1861 година, кога Руската црква го праќа како свештетник во својот конзулат во Јапонија, тамошната шогунска власт тогаш строго го забранувала христијанството, односно покрстувањето. Но веќе во 1864 година, неколку од редовните посетители на храмот каде богослужел св. Никола Јапонски, се покрстиле. Св. Никола останал во Јапонија и за време на руско-јапонската војна ширејќи го христијанството и станал првиот православен Јапонски епископ.
На 16 февруари, денот кога Црквата го споменува овој светител, во Токио, во  храмот Воскресение Христово кој е изграден и осветен во 1891 година од страната на св. Никола Јапонски, беше отслужена Божествена Литургија, на која богослужеше Миртополитот Токиски и Јапонски Данило Нуширо и епископот сендајски Серафим. Потоа верниот народ и свештеослужителите литијно се упатија кон градските гробишта во Токио да се поклонат на гробот на св. Никола Јапонски.
“Никогаш немојте да отсапувате од духовното совршенство. На овој убав ден, кога во радост и тага си споменуваме за нашиот пастир св. Никола, да се помолиме за сиот народ и за духовна радост на нашите браќа и сестри во земјата на изгрејсонцето” – беа зборовите на  епископот сендајски Серафим.
Благодарение на овој православен самурај, Св. Никола Јапонски, денес во Јапонската православна црква делуваат три епархии: Источнојапонската со седиште во Сендај, Западнојапонската – Кјото и Токиската епархија во Токио.

sv.Nikola.Japonski.jpg

 

Подготви: Н.Д.Д

Извор: