lestvica.jpg

Од администрацијата на премиерот на Руската федерација, Владимир Путин, објавија дека ги потпишале документите за присвојување на позајмен имот во самиот центар на Париз, на брегот на р. Сена, во непосредна близина на Ајфеловата кула. Земјиштето е купено од руската Влада заради градење на православен катедрален храм. Според коментарите на „Нова газета“, тоа е дел од програмата на „месијанскиот“ проект „рускиот свет“, за кој ќе бидат потрошени милијарди/ Само за добивањето на тоа земјиште се платени околу 60 милиони евра. Земјата во самиот центар на Париз се тргува меѓу 7000 и 8000 евра за квадратен метар. Закупениот плац е со размер 4249 м2 и е добиен по лицитацијата, организирана од француската Влада, спроведена во остра конкуренција со Владата на Саудиска Арабија, која сакала на тоа место да гради амбасада и џамија. Интерес за тој плац пројавиле и Владите на уште неколку држави.

 Руската федерација сака да устрои на присвоениот имот не само катедрален православен храм, туку и ред други зданија за културна намена, од кои едната сигурно ќе биде Богословија. Катедралниот храм веројатно ќе биде „хај-тек“ архитектура, но задолжително со позлатена купола. Според условите на конкурсот, градењето ќе започне по 2012 година. Според руското издание на авторитетното списание Newsweek, храмот ќе го носи името Собор на Руската Богородица. Правата на сопственост на земјата ќе останат на руската држава, а црквата ќе биде предадена на бесплатно користење на Руската православна црква. Многу е интересено и прашањето за Богословијата, што ќе биде устроена на тоа место. Таа се јавува како еден од најграндиозните проекти на РПЦ, а како што беше објавено порано, истата веќе беше пуштена во функција во 2009 година, во предградијата на Париз. Богословијата е првата образовна институција во епархија надвор од Русија. Завршените ученици добиваат две дипломи: диплома за магистер по философија од Парискиот универзитет – Сорбона и црковно богословска диплома од Богословијата. Во оваа институција се подготвуваат црковни дипломати и мисионери. Во моментот кога новата зграда во центарот на Париз ќе биде готова, Богословијата ќе биде преместена таму.

          Двери.бг
          Превод: Б.М.