vozdvizenie.jpg

Волколамски архиепископ Иларион: Европските организации се должни да ги почитуваат фундаменталните вредности на традиционалните религии


На 12.1.2010 година, во Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија (ОВЦС), се одржа средба меѓу претседателот на ОВЦС, Волколамскиот архиепископ Иларион Алфеев и новинарите.
 
Одговарајќи на прашања на претставиците на средствата за масовно информирање, архиепископот Иларион говорел и за тоа дека Руската црква има намера да го продолжи дијалогот со разните европски организации, во целост, со Европската унија и Советот на Европа „за проблематиката што е поврзана со моралниот и духовниот живот на човекот“.
 
„Ние ќе се стремиме кон тоа, при изработувањето на решенија, особено во законодавната сфера, да се зема предвид не само атеистичкиот, секуларниот, но и религиозниот светоглед“ - изјавил тој.
 
Претседателот на ОВЦС го насочил вниманието на собеседниците кон тоа дека работата на меѓународните европски организации се базира на определена идеологија, што се формирала во текот на извесно време, и денес во таа идеолошка парадигма доминира секуларното атеистичко разбирање на моралните прашања.

 „Ние сметаме дека – нагласил владиката, - при изработката на решенија во сите области, што се однесуваат на моралноста, вклучително, на пример, на семејната етика, во областите сврзани со животот и смртта на човекот, како на пример, за прашањето на евтаназија, да се почитува и релгиозниот светоглед. Ние категорично сме против тоа атеизмот да се прифаќа како „општ именител“ на сите религии, како што понекогаш се обидуваат да го претстават тоа секуларните политичари, кои велат: „Меѓу религиите има разногласија, затоа, за да не биде навреден никој, дајте да се раководиме според атеистичките претпоставки“. Тоа за нас е апсолутно лажлива и неприфатлива позиција. Ние тргнуваме од тоа, дека меѓу традиционалните религии, во сферата на моралноста има многу повеќе општо, отколку различно“ – рекол претседателот на ОВЦС.

 Архиепископот Иларион изразил убедување дека европските меѓународни организации се должни да ги почитуваат фундаменталните вредности на традиционалните религиозни заедници: „Станува збор не за богословски постулати, туку за тие вредности, врз кои низ вековите се градел животот на христијанското општество, особено за традиционалното разбирање на семејството. Ние никогаш нема да се согласиме со тоа дека сексуалниот „сојуз“ меѓу претставниците на еден и ист пол може да биде законски изедначен со брачниот сојуз меѓу мажот и жената, со што еднополовите двојки ќе имаат право да посиновуваат и воспитуваат деца. Ние никогаш нема да се согласиме со тоа дека умртвувањето на зародишот во мајчината утроба не е грев и дека треба да се стимулира. Ние никогаш нема да се согласиме со тоа дека на лекарите може да им биде наметната мисија не само да ги лекуваат луѓе, но и да ги умртвуваат“.

 

Превод: Б.М.
извор: www.dveri.bg