логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

На првата недела од Велигденскиот Пост, кога Црквата ја слави победата над иконоборците, според традицијата на православните заедници во главниот град на Велика Британија, се одржа сеправославна Вечерна Богослужба во рускиот катедрален храм во Лондон посветен на Успението на Мајка Божја.


Како и секогаш, сослужуваа претставници од клирот на сите помесни Православни Цркви кои имаат свои заедници тука, а се служеше и пееше на многу различни јазици.



Пригодно слово кажа Епископот Диоклиски Калист (Вер) од кое ви пренесуваме извадок:

„... Само низ носењето на Крстот можеме да се удостоиме со радоста на заедничарењето. На секоја неделна утрена, после читањето на Евангелието велиме: со Крстот радоста  дојде за сиот свет. Само низ Крстот можеме да се здобиеме со радоста на заедништво во Верата.

А што можеме јас и вие да сториме лично, како можеме да придонесеме на оваа победа на Православието, на оваа победа на заедницата? Што може секој од нас да стори за да се намали насилството, да се создаде мир и заедница? Го наоѓаме одговорот во Посланието на Св Апостол Јаков (Глава 4): „Раздорите и расправиите меѓу вас од каде потекнуваат? Нели потекнуваат од виењето на страстите што војуваат внатрево вас? Она што Апостолот го вели тука е дека надворешното зависи од внатрешното. Надворешните конфликти во парохијата, во целата Православната Црква, во меѓународната политика, ги имаат како извор внатрешните конфликти во срцата на секој од нас. И следствено, надворешниот мир во парохијата, во целата Црква и во сиот свет го има својот извор во внатрешниот мир во срцата на секој од нас. Ако јас, или вие, војуваме со себе си, внатрешно поделени, тогаш ние ја пренесуваме таа војна и самоподеленост и на заедницата на која и припаѓаме, на семејството, работното место, парохијата и епархијата. Од друга страна, ако јас и вие можеме да бидеме внатрешно единствени секој со себеси, ако јас можам да бидам со полнотата на моето битие жива Икона на Светата Троица тогаш, со Божја помош и милост, јас можам да бидам жив, динамичен, креативен центар на помирување, донесувајќи полнота на секоја заедница или група на која иж припаѓам. Само ако успеам низ Христос и Светиот Дух да ги составам скршените делчиња внатре во мене, тогаш ќе го подготвам внатре во мене составувањето, реинтегрирањето на потресениот космос. Од тоа таинствено и неискажливо единство внатре во мене, ќе може да произлезе, по молитвите на Мајката Божја и сите Светии, видливо и манифестирано единство во мојата парохиска заедница, во целата Црква и меѓународната политика. Ние мораме да го содржиме внатре во нас поделениот свет и на тој начин да го надминеме во Христа. Тоа е длабоката порака за денес, Победата на Православието. Да си спомнеме за двајца светители кои точно го илустрираат она што се обидувам да го споделам со вас вечерва. Прво од св Серафим Саровски: „ Стекни внатрешен мир и илјадници околу тебе ќе се спасат„. А пак св.Исак Сирин вели: „Биди помирен со себеси, и небото и земјата ќе се во мир со тебе„. Надворешното зависи од внатрешното. Мирот мора да дојде од срцето на секој од нас, и тогаш ќе можеме да ја потврдиме, со убавина и чудење далеку над нашата свест, вистинската заедница на Православната Црква. Да се насочиме умствено нанапред, кон Пасхалната ноќ. Да си спомнеме за зборовите кои ги пееме таа ноќ: Ден е на Воскресението, да засветлиме со мир и да се прегрнеме еден со друг велејќи: Брате, Сестро, да си простиме сеж во Воскресението и да воскликнеме силно: Христос Воскресна од мртвите! Ако од денес па низ целиот Голем пост се до Пасха, почнеме да простуваме се пошироко и пошироко, како што почнавме на Прочка минатата недела, ако можеме да речеме со нова искреност на Пасхалната Ноќ: да си простиме со во Воскресението, тогаш тоа навистина ќе биде вистински триумф на Православието.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.„

Во контекст на последните случувања и потреси во Православната Црква кои непосредно го засегаат верниот народ во Р.Македонија, словото на Епископот Диоклиски е од голема полза. Потеклото на сите расколи и недоразбирања, како што е образложено од владиката Калист, треба да стане свест на секој еден од нас, ако вистински сакаме да ја живееме Воскресенската радост. Впрочем, нашите пастири веќе подолго време ни посочуваат каде да го бараме решението на проблемот...

Ништо ново под сонцето освен Христос. Суета, се друго е само суета. И ништо ново нема да има во односите меѓу Македонската Православна Црква и Српската  Православна Црква се додека Богочовекот Исус Христос не стане врвен критериум на нашето пастирско дејствување, а не нашата суета. Зошто суетата? Од каде тоа високото мислење за самите себе да се појави како извор на сите внатрешни проблеми во Црквата? И двете Цркви имаат и почитуваат исто догматско, канонско и литургиско предание. Всушност се случува Една и Иста Црква, но со одделно административно организирање – заради посебните пастирски потреби на двата различни народи, македонскиот и српскиот, и заради нивната посебна државна и територијална разграниченост. Во нашиов случај се појавува внатрешно недоразбирање и судир во Една и Иста Црква, Православна. А тоа не значи ништо друго освен дека внатре-личносниот конфликт или заробеноста од страстите или суетата на повеќето од Епископите се пројавува како внатре-црковен административен конфликт. Тоа се познава и од причината на недоразбирањето и судирот...„


„Каде го гледате излезот од ќорсокакот?
Излезот од ќорсокакот е во покајанието, да се почитува редот воспоставен од Светите отци на Црквата. Трите свештенички чинови мора да одговараат или да се барем приближно до трите нивоа на духовна зрелост. Ѓаконскиот чин со нивото на ‘очистување на срцето од страстите’. Презвитерскиот чин со нивото на ‘просветлување на умот’ и умносрдечната молитва. Епископскиот чин со нивото на ‘обожение на личноста’. Епископот мора да биде барем на ниво на ‘просветленост на умот’ и умносрдечна молитва. Инаку, со непросветлен ум а заробен од страстите, кого и каде ќе води? А оние што се веќе украсени со епископско достоинство а немаат соодветна духовна подготовка, барем нека ја освестат оваа своја болна состојба и нека се покајат.Секако, не е препорачливо за нив да го откриваат, а со тоа и да го потхрануваат наместо да го лечат, својот алармантен внатрешен конфликт и расцеп на личноста создавајќи расцеп или раскол во Црквата преку организирање на паралелна ерархија на веќе постоечката во Р. Македонија.„

И уште:

Од ова восогласување на нашата внатрешна состојба со надворешниот свештенички чин што евентуално би го добиле, сигурно ќе се случат позитивни промени во животот на локалната епископска Црква, па и пошироко. Ништо од ова не може да се случи без умносрдечна молитва и просветленост на умот. А ова кој го може?„

Кој има уши да слуша, нека чуе!


известува : Марија Стефановска, соработник на ПреминПортал од Лондон

01. 03. 2007 г.




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 648
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »