МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ



Свет   28-4-2007

МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ

Митрополитот загребско-љубљански и за Италија, Јован ќе го заменува на должноста српскиот патријарх Павле.
Таа одлука е донесена на седница на Синодот на Српската православна црква, објави денеска весникот „Блиц“.
Одлуката митрополитот Јован да го замени Павле, кој се потешко ја извршува должноста патријарх, според весникот, има поткрепа во Уставот на СПЦ каде се вели дека поради болест или отсустност, патријархот го заменува најстариот архиереј во Синодот.
Таа одлука важи додека патријархот не се врати на должност или до избор на нов патријарх, а таква одлука може да донесе Синодот или се донесува врз основа на акт кој е потпишан од патријархот.
Како што наведува весникот, во црковните кругови постои намера на седницата на Саборот на СПЦ на 14 да биде донесена одлука за смена на патријархот.
Патријархот Павле веќе две недели е на рехабилитација во Специјалната болница во Бања Ковиљача.

МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ