Изјава на Рускиот патријарх за време на приемот на грчката делегациј

 

Изјава на Рускиот патријарх за време на приемот на грчката делегација (02.06.2007)


Дури ни Израел не се однесува со нас на тој начин“, јавно изјави Рускиот патријарх Алексиј II во обраќањето кон грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој е во официјална посета на Русија. Со овие зборови поглаварот на Руската Црква го има предвид „одбивањето на Цариградскиот патријарх да ги отвори вратите на Света Гора за руските монаси“. „Една од духовните врски, кои ги поврзуваат нашите братски народи е Света Гора Атонска, каде повеќе од 1000 години се подвизуваат чеда на Руската Православна Црква. Потокот на поклоници кон ова свето место никогаш не сопре. Тоа неодамна беше посетено и од претседателот Путин“, рече патријархот Алексиј за време на официјалниот прием за грчката делегација, кој тој го приреди во Даниловскиот манастир.


Историски осврт:

Спорот околу присуството на руски монаси на Света Гора меѓу Русија и Грција е долг веќе едно столетие и периодично избувнува со нова сила. Во почетокот на 20 век на Света Гора живеат околу 7500 монаси, од кои повеќето од половината се Руси. Само во рускиот манастир на Свети Пантелејмон се подвизуваат околу 2000 монаси. По 1914 година и Октомвриската револуција, бројот на руските монаси нагло се намалува и после двете светски војни, кон средината на столетието во манастирот на свети Пантелејмон живеат помалку од 60 монаси. Овој период е критичен за целото светогорско монаштво, бидејќи секоја година бројот на атонските монаси се намалува за околу 40–50 души. Околу 1971 година монашкото население на полуостровот брои 1145 луѓе, од кои огромен дел се на поодмината возраст. Во намалувањето на бројот на монасите имаат влијание како политичките настани – комунистичката револуција во Русија, светските и балканските војни, така и внатрешно-црковните фактори од грчкиот верски живот во овој период. Средината на 20 век е време на процут на парацрковните организации „Зои“ и „Сотир“, кои на овој стадиум од својот развој го негираат традиционалното монаштво и прават верската младина да го изгуби интересот за монашки живот. Во 70-тите години оваа етапа од идеологијата на „Зои“ и „Сотир“ е надмината и тогаш започнува новиот постепен растеж на монашкото население, со нови пополнувања од редовите на воспитаниците на овие организации кои се обратија кон монашките идеали. Во 1971 година средната возраст на монасите беше над 60 години, додека во 1990 година мнозинството монаси се на возраст под 40 години. Нивниот број во овој период изнесува 1500 души.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, веќе нема политички пречки за заминување на Руси на Света Гора, но, стравувајќи од нарушување на рамнотежата, како што беше случајот на почетокот на векот, грчките власти и Цариградската патријаршија го препречуваат растежот на руската монашка заедница на полуостровот.Ова прашање беше поставено остро и при посетата на Путин на Грција и Света Гора пред неколку години.



известува: Dveri.bg

преземено од МПЦ