Беседа на новоизбраниот Патријарх Кирил после неговиот избор на Помесниот Собор на Руската Православна Црква (28.01.2009)


Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства, Ваши Високопреподобија, Преподобија, почитувани отци, браќа и сестри!

 

Со смирение и сосема свесен за одговорноста, го прифаќам изборот Божји, со кој ми е доверено патријаршиското служенње. Тоа е големо. Тоа е одговорно. Но, во центарот на служењето е Крстот Господов, Крст од такви размери што тоа може да го познае и да го почувствува само оној кој го носи.

 

Си спомнувам за зборовите на Патријархот Алексиј, кој не еднаш има зборувано за тешкиот крст на патријаршиското служење.

 

Овој крст го носат Поглаварите на Црквата, иако тоа ги надминува силите на еден човек. Тие го носат затоа што заедно со нив ги носат архипастири, пастири, народот Божји. Тие го носат крстот затоа што самата Црква го носи заедно со Патријархот. И како што се споделува носењето на крстот, како што се споделува одговорноста, така се споделува и славата. И кога се кажуваат добри зборови за Поглаварот на Црквата, тие се однесуваат и на народот Божји, духовниците, архиереите – сите оние што заедно со Поглаварот го носат тешкиот крст и големата одговорност пред Бог и пред историјата.

 

Примајќи го од вас објавувањето на волјата Божја, барам прошка заради моите слабости, ве молам да ми помагате со вашите совети, ве молам да бидете со мене во патријаршиското служење. Но, пред сè, ги просам вашите молитви – молитвите со какви, знам, дека се молеле луѓето што учествуваа во донесувањето на одлуката на нашиот Помесен Собор, и мноу други, молитвите што се вознесувани од срца што веруваат и љубат.

 

Господ нека ја благослови нашта Црква, народот наш, земјите во кои служи нашата Руска Православна Црква, и сите кои со своите молитви и напори придонесоа да дојде до ова. И повторно, уште еднаш, ве молам да ме спомнувате во вашите свети молитви.

 

Извор: Патриархиа.ру