3.angeli.so.truba

Годинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.

Првпат во повеќе од 100 години за Велигден е затворена Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим. Во христијанската четврт на градот улиците се празни а повеќето дуќани се затворени. Жителите ги депримира неможноста за вообичаена прослава на Велигден во Базиликата на Светиот Гроб.

Во таа црква која се смета за најсветото место на христијанството, утринава имало миса зад затворени врати и потоа тргнала мини процесија по Патеката на болката по која вообичаено се движат илјадници верници од целиот свет за Велики петок, кога се одбележува распнувањето на Исус Христос.

Годинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.

 Израелската полиција строго ги контролирала тесните улици на Стариот град.

Во израел, каде според официјалните податоци има повеќе од 10.000 заболени од коронавирусот и 90 починати, затворени се сите цркви, плоштади, училишта и места за собирање за да се спречи ширењето на пандемијата. Од палестинската страна има 250 заболени и еден починат, според официјалните податоци.

Лани повеќе од 25.000 лица се собрале во Ерусалим во неделата кога почнува светата недела, изјавил портпаролот на ерусалимскиот латински патријархат, Ибрахим Чомали, а минатата недела имало само 15 свештеници зад затворените древни врати на Базиликата на Сетиот Гроб.Тој додал дека во овие тешки околности пред телевизиските екрани и компјутерите мисата ја следеле 60.000 лица, пренесува ХИНА.

 

Извор:

https://plusinfo.mk/veligden-kakov-shto-ne-se-pameti-vo-erusalim-prvpat-vo-100-godini-zatvorena-bazilikata-na-svetiot-grob/

 

10.04.2020 г.