(21.06.2008)


Минхен – Во неодамнешното интервју за германското екуменистичко издание „Кирил и Методиј“, Цариградскиот патријарх Вартоломеј се допре до прашањето за постоењето на Источно-католичките цркви. Тој ги покани овие цркви повторно да станат православни останувајќи во единство со Рим. Помеѓу другото, тој нагласи дека „Цариградската Црква – Мајка секогаш ги држи вратите отворени за своите синови и ќерки“.

Како модел за единство, според зборовите на православниот архиереј, може да биде користена формата на коегзистирање која постоеше помеѓу Византиската и Римската Црква во првиот милениум на христијанството.

Истовремено, Патријархот благонаклоно одговори на идејата за „двојно единство“, која беше предложена од поглаварот на Украинско грко-католичката црква врховниот архиепископ Љубомир Гузар. Поглаварот на Цариградската патријаршија дури забележа дека таквиот модел ќе помогне во надминувањето на расколот меѓу Црквите.

Според зборовите на патријархот црковното единство не се постигнува „со изјави на лидерите на црквите или со богословски мудрувања“. „Неопходно е да се одржуваат повеќе заеднички дејности со учество на католици, православни и протестантски општини, како и заеднички проекти, за подобро да се запознаат едни со други. Неопходно е многу, многу да се молиме“.

Значајни чекори на патот кон единството веќе се направени, рече патријархот Вартоломеј. „Меѓусебните анатеми од 1054 година меѓу Црквите се укинати. Богословскиот дијалог на Православната Црква со Англиканците, Лутераните, Реформистите постојано се движи нанапред. Со Римо-католичката црква тој дијалог после многугодишниот прекин повторно е возобновен“.

 

Извор: RISU

Преземено од сајтот на МПЦ


 Официјално соопштение на Цариградската Патријаршија (09.07.2008)


Во врска со неодамнешниот напис за тоа дека Неговата Светост Цариградскиот патријарах Вартоломеј верува дека со грко-католиците (унијатите) е возможно да се воспостави „двојно единство“, со други зборови, полна заедница и со Рим и со Цариград, Цариградскиот патријарх ја демантира оваа неточна изјава и тврди дека такво нешто никогаш не било кажано. Цариградската Патријаршија ја потврдува својата позиција дека полното единство во верата е предуслов за светотаинското заедничарење.

 

5 јули 2008 година

Секретаријат на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија

 

Извор: Ec-patr.org

 

Посети:{moshits}