логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Извор:

Обраќајќи се кон поклоници од Грција и Кипар, веднаш по Литургијата во спомен на преносот на моштите на свети Јован Златоуст, Неговата Сесветост беседеше во Фанар по повод седумдесетгодишнината од востоличувањето на блажениот патријарх Атинагора и зборуваше за делото и за повеќедимензионалната служба на Мајката Црква.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој присуствуваше на светата Литургија што се отслужи во Фанар на 27 јануари, во спомен на свети Јован Златоуст, еден од тројцата светители и вселенски учители на Црквата, чии мошти се чуваат во сечесниот патријаршиски храм, се осврна на долгогодишната работа на Мајката Константинополска црква. Според преданието, Вселенскиот патријарх стоеше на паратронот, додека на патријаршискиот трон беше поставена иконата на свети Златоуст.

Беа присутни, исто така, митрополитите Мирски Хризостом, Калиполски и Мадитски Стефан, Кидониски Атинагора, Јанински Максим, Тарту Илија и Авдиски Кирил, архонтите официјали, верници од Константинопол, како и многу поклоници од странство.

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх се осврна на личноста и на бесценетото духовно дело на неговиот претходник, светиот Златоуст, кој беше одведен во прогонство, каде го испушти својот последен здив, зашто не се двоумеше да ги укорува делата и безаконијата на световната власт во неговото време. „Многупати политичарите, особено во областите и во земјите што не се демократски, не сакаат и не прифаќаат критика. Кога еден духовен водач, како свети Јован Златоуст, ќе се осмели да ги критикува, политичката власт го злоупотребува авторитетот за тој да биде затворен, протеран, или убиен. Така и свети Јован Златоуст, овој велик архиепископ Константинополски и вселенски учител, се најде во Ерменија, во Комана“.

Во продолжение Патријархот се осврна и на јубилејот – седумдесет години од востоличувањето на секогаш спомнуваниот Вселенски патријарх Атинагора, кој ја наследи Патријаршијата во едни благопријатни услови, но само после неколку години, заедно со паствата се соочи со многу тешки состојби. Меѓу нив беа и настаните од септември 1955, „тој погром што уништи сè христијанско“, затворањето на Богословското училиште во Халки и намалувањето на дијаспората.

„Вселенската Патријаршија, Црквата што води и страда, сепак издржува. И останува овде, цврста и непоколеблива, ве прима, им се поклонува на своите светители и од нив повторно ги пали светилките на Мала Азија, не само на седумте цркви од Откровението, туку и во многу други чесни и осветени места на нашата вера, во Кападокија, во Понт, во Пергам, во Ефес итн. Го продолжуваме дијалогот со другите цркви, како што беше сонот на патријархот Атинагора; нашата Патријаршија го оживеа автономниот статус на Естонија, даде автокефалија на Украина. Постојано се сообразува со барањата на времињата, има визија за иднината и, што се однесува до неа, Константинополската црква ја исполнува во целост својата вселенска мисија. И, како што би рекол александрискиот поет, никогаш од долгот не отстапува“.

Патријархот Вартоломеј им посака добредојде на групата поклоници од Јанина, од Ламија и од Солун, поточно од парохијата посветена на преподобен Серафим Саровски, при митрополијата на Неапол и Ставропол.

„Митрополитот Неаполски, направи дело достојно за пофалба и ја создаде оваа парохија за нашите славофони  браќа, кои се населија во Грција после распадот на Советскиот сојуз, не оставајќи ги да се мачат, туку ја направи оваа парохија каде богослужбите се извршуваат  според нивните обичаи, на нивниот јазик и го следат јулијанскиот календар. Со ова уште еднаш се покажа дека тринаесетте дена што го делат јулијанскиот од григоријанскиот календар не се прашање на вера, како што тоа го направија расколниците старокалендарци во Грција и на други места, кои го издигнаа календарот на степен на догма на верата. Сега, пак, последниве години го најдоа и екуменизмот, за да си ги зацврстат своите ставови и се оградуваат од канонската Црква, мислејќи дека таму, во тринаесетте дена и во навредите кон канонската Црква и нејзините служители, ќе го најдат спасението. Но, заблудени се од жална прелест“.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1312
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1857
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1237
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »