Огромна подземна црква во Ерменија (28.07.2018 )

Ерменец од селото Аринџ, професионален градежник Левон Аракелјан, е еден од оние што ја поместија границата на човечките можности – тој покажа дека може да менува планини. За дваесет и три години, во падините на планината во својот роден крај изградил вистинска подземна црква. Овој потфат го започнал во 1985 година, кога сопругата Тосја го замолила да ископа трап за чување компири. Левон за кратко време го ископал „нарачаниот трап“, а потоа направил подземно складиште за зеленчук и овошје и вински подрум. Најпосле, во планината издлабил огромна црква која е градежно и скулпторско уметничко дело. Под земјата поминувал и по осумнаесет часа. Направил подземни одаи со романски столбови и фигури, со ходници и широки врати, а исклесал и скали во камен. Левон Аракелјан починал пред десет години од инфаркт, на 67 години, но неговото дело живее – неговата црква веќе почнале да ја посетуваат посетители од различни земји.

 



Извор: vjeronauka.net

Преземено од:МПЦ-ОА