Похищены печать и факсимиле Патриарха Грузии Илии II

Грабнат печат и факсимил на Патријархот на Грузија Илија II
27 февруари. ПРАВМИР. Печатот и факсимилот на Вселенскиот Патријарх на Грузија Илија II, биле украдени од Патријаршијата за време на неговото лечење во Германија.
 
Печатот и факсимилот се користеа при назначувањето на Митрополитот Зугдитски и Цаишски Герасим (Шарашенидзе) на чело на епархијата во Германија и Австрија 9 февруари, соопштува РИА Новости.„Кога Патријархот би починал за време на операцијата во Германија, во Патријаршијата би требало итно да се прогласи престолонаследник. Тоа би било, се разбира, фалсификување на волјата на Патријархот’’, - изјави во етер теологот Георгиј Тигинашвили во ТВ компанијата „Имеди’’.
Илија II беше во Германија од 2 февруари. На 13 февруари му правеа операција во Берлин поради воспаление на жолчното ќесе. Во истиот ден грузиското обнивителство соопшти дека на аеродромот во Тбилиси под обвинение за заговор за убиство е уапсен раководителот на службата за управување со имотот на Патријаршијата, Георгиј Мамаладзе.
Кај обвинетиот најдоа цијанид, со кој според истражувачите,  Мамаладзе имал намера да  убие високопоставен свештенослужител. Еден од приведените адвокати рече дека  Мамаладзе го обвинуваат за заговор за убиството на Шорена Тетруашвили, административен асистент на Вселенскиот Патријарх.
Во рамките на овој скандал Патријаршијата ја напуштија раководителот на полицијата на Патријархот Сосо Оханашвили и секретарот на Патријаршијата Михаил Ботковели.

Подготви: Снежана Корнет

Извор: http://www.pravmir.ru/pohishhenyi-pechat-i-faksimile-patriarha-gruzii-ilii-ii/