249836.p.jpg

 

22 октомври 2016 лето Господово

Споменикот на Св. Пророк Мојсеј што се наоѓа на врвот од познатата библиска планина Нево,249836.p.jpg повторно е отворен за поклониците кои сакаат да го посетат местото на упокоението на овој Боговидец во Светата Земја. Тој беше затворен цели десет години поради реставрациони работи.

Мојсеевиот споменик, кој се наоѓа на седум километри од градот Мадаба на врвот од планината Нево, е едно од најважните и најпосетувани места за поклонение во Јордан, и затоа долгоочекуваното негово отворање после сериозните реставрациски работи е многу важно собитие. Тука, на самиот врв на планината висока околу 1 км, некаде на 30 км од Аман, големиот град на Јордан (во римско време се нарекувал Филаделфија), се наоѓа манастир, од којшто се отвора глетка кон западниот брег на Јордан, Ерихон и Ерусалим. На планината Нево денес е активен манастирот на францисканците, којшто е изграден овде откако археолозите во 1930 година ги испитале и оставиле овдешните урнатини. Реставраторските работи започнале во 2007 година кога се открило дека остатоците на древната црковна базилика се пред уривање и не можат да ја издржат тежината на споменикот.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир