17 март 2016 лето Господово

Православниот свештеник Андреј Мнацаганов, отвори во својот дом рехабилитационен центар за ослободени затвореници. За 4 години низ центарот поминаа повеќе од 300 луѓе.

„Во еден период сфатив дека тие што ги ослободуваат од затвор честопати немаат каде да одат. Проблемот стана сериозен и се јави потреба нешто да се организира. Но никој не знаеше како да се образуваат такви центри, како се устројува нивната дејност. Ние решивме да се обидеме“, изјави свештеникот. „Во рехабилитациониот центар им даваме шанса. Живеат месец – два и бараат работа, а за тоа време имаат бесплатна исхрана. А кога ќе најдат работа, тогаш веќе можат да си започнат со својот самостоен живот. Доколку и после вториот месец не наоѓаат постојана работа, добиваат илјада рубљи како помош“, додаде отец Андреј.

Извор: Интерфакс

Преземено од: Бигорски манастир