221940.b.jpg

Мироточат 3 икони

28 ноември 2015 лето Господово

Во почетокот на ноември 2015 година во селскиот храм на селото Троицко, Нанајскиот регион, започнаа да мироточат 3 икони: Образот на Спасителот, на Св. Вмч. и Исцелител Пантелејмон и на Св. Игнатиј Иркутски.

Првата икона започна да мироточи на Митровденската задушница, тоа беше ликот на Спасителот, живописан во 2004 година. Оваа икона се наоѓа десно од царските двери. Мироточењето се појави во левиот дел од иконата, а за да се спречи претекувањето на мирото во основата на иконата беше вметнат памук. Следниот ден започна да мироточи малата икона на Св. Вмч и Исцелител Пантелејмон. Надворешно, мироточењето е претставено во вид на многубројни мали капки распространети пред сѐ во десниот дел на иконата. На следната икона на којашто од страна на настојателот на Свето-Троицкиот храм, ереј Евгениј Касијанов, беа пронајдени капки од миро, беше иконата на Св. Инокентиј Иркутски. Двете последни икони се покриени со стакло и не се отворени.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир