Игуменот на Ватопед: Православните треба поактивно да настојуваат да се забрани абортусот




Православните Христијани треба поактивно да настојуваат да се забрани абортусот, ја пренесува Интерфакс изјавата на игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, архимандритот Ефрем.

- Неприфатливо е едно такво ужасно злодело, какво што е абортусот, да се изведува во православните земји, и тоа во толкав обем! Овој феномен треба сериозно да нè подзамисли; би рекол, мора да бидеме вознемирени и потресени, треба да алармираме! – се вели во обраќањето на старецот пред учесниците во меѓународниот фестивал „За живот“ што се одржа во Москва од 11 до 13 август.

Според него, Православната Црква би можела многу поефективно да се справи со ова прашање.

- Требаше да соработуваме со државата, но бидејќи државата беше таа што го легализираше абортусот, се најдовме на спротивставени страни. Сиот клир и сите луѓе треба да се вклучат во ваквата активност; потребна е една силна кампања против абортусот, како продолжение на вистинското познавање на човекот и љубовта кон него – нагластил старец Ефрем.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Кумановско- осогвска епархија