логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 

Грчката црква упати апел до народот:
за семејството, хомосексуалните и граѓански „бракови“

19 декември 2013

Грчката православна црква официјално се изјасни против новиот закон, кој им овозможува на паровите што не се во брак правно да го признаат своето „партнерство“. Аgionoros.ru со мали скратеници го објавува овој „апел до народот“, кој анализира проблеми какви што се кризата во семејните односи, хомосексуалните бракови и „слободниот соживот“.

Возљубени во Господа духовни деца на православната Црква!

Нашето општество е тешко болно, а неговата основна клетка - семејството, полека, но сигурно претрпува разорително влијание и се распаѓа. Не можеме да го занемариме фактот дека институцијата како што е семејството, во текот на сето свое постоење, е најсигурна социјална структура, која служи за правилно воспитување на младината. И токму семејството ги обликува детските души „во поглед на науката и поучувањето во Господа“, нивната подготовка за идни членови на општеството, како луѓе со различни професии, вклучително и раководители на различно ниво.

Денес институцијата семејство е подложена на тешки искушенија, секојдневно поднесува удари, кои често скриено ѝ се нанесуваат. Секое скршнување од здравиот семеен пат води кон разновидни, тешки последици... Денес сите зборуваат само за правата на човекот, но забораваат на неговите обврски. Дури и самиот поим за полот се смета за непостојана категорија, која може да биде подложена на промени. Денес луѓето постепено ја губат способноста да ја видат светоста во соединувањето на двата пола.
tek_1.jpg
За нашата православна Црква, бракот не се состои само во заедничкото движење кон обожувањето и преобразувањето на светот Божји. По пат на раѓање и воспитување на деца бракот гарантира не само продолжување на човечкиот род. Со помош на семејството човекот му станува со - творец на Бога и ја добива најголемата од сите видови на одговорност - одговорноста пред своите потомци.

Секое семејство имас свет, единствен и неповторлив карактер, бидејќи претставува слика на тајната која се наоѓа во основата на Христовата Црква. А тоа, пак, значи дека никој нема право да го понижува семејството или да подметнува било што друго освен него.

„Алтернативните облици на семејство“ кои настануваат во современите реалии, само го докажуваат фактот на посветовување и дехристијанизација на современите западни општества и народи, кои притоа, имаат богато христијанско минато. денес е од животна важност потребата и понатаму да се сочува и обезбеди светата институција брак, која со право се нарекува „мала црква“.

Животот во духот на материјализмот и нихилизмот, осиромашувањето на моралот на вистинската љубов, новата ситуација во финансиската сфера и на работниот пазар, како и промената на улогите, во комбинација со другите фактори, доведоа до извртување и намалување на институцијата семејство. Изгледа дека за многу наши сограѓани, е ослабнат таинствениот карактер на семејството и неговата врска со Црквата, или, дури, воопшто и не постојат. Во овие услови се појавија такви облици на организирање на семејниот живот, кои во светлоста на христијанското учење треба да се набљудуваат како отстапувања, а според современите световни претстави тоа се алтернативни облици на семејство. Тоа се невенчаните бракови, непотполните семејства, слободниот соживот и таканаречениот хомосексуален брак.

Црквата која ја претставуваат клирот и мирјаните – стручни лица од различни области, ги проучува овие појави од богословска гледна точка, го формулира своето сведоштво, а исто така создава и пастирски пристап кон сите нови, алтернативни шеми за уредување на современиот приватен живот, во споредба со традиционалното семејство. Во случај државата да го озакони слободниот соживот, ќе имаме работа со длабоки богословски и социјални извртувања на поимот семејство, кој веќе не се набљудува како „мала црква“, туку како обичен заеднички живот. Црковниот чин на венчавање на почетокот на бракот во очите на многу современи луѓе претставува некакво бесмислено дејство, а на крај и своевиден фолклорен обред.

Денес многу е зголемен бројот на разводите, а тоа покажува дека луѓето денес станаа поповршни, дека нивните чувства не се одликуваат со длабочина, во споредба со чувствата на нивните претци.  И тие биле несовршени, но нивните бракови траеле цел живот. Денес на луѓето им е сѐ потешко да се одлучат за склопување на брак и создавање на семејство, и притоа не се виновни објективните тешкотии, како што се економската криза и невработеноста, туку други, во суштина, второстепени причини.

Во услови на современа општествена криза потребно е семејството повторно да се воцркови и поврзе со евхаристиското искуство на Црквата.

Треба духовно да се подготват младите парови за нивниот пат кон бракот и постојано да се поддржуваат во создавањето на нивната „мала црква“, за да не би се почувствувале дека со своите проблеми се препуштени на самите себе.
Задачата и мисијата на Црквата се состои во тоа јавно, смело и насекаде во светот да сведочи: за смислата на животот во Христа, за надминување на трулежноста и смртта, за силата на Христовата вера. Како и во тоа на сите можни начини да се поддржи и заштити семејството.

Вистинскиот проблем на семејството денес не е само во раскинување на односите, кавгите или суровоста на едниот брачен другар кон другиот, туку многу повеќе во тоа дека семејството е подигнато на ниво на материјалистички идол, бракот веќе не се смета за пат кон Царството Божјо и не е ориентиран кон него. Разводите не сведочат за презирање на семејството, туку за одбивање за носење на крстот на семејниот живот.

Во Грчката црква постои специјална комисија за прашањата околу бракот, семејството, заштитата на детството и демографијата, како и специјална синодална комисија за прашањето во врска со. Важна е и програмата на Светиот Синод за финансиска помош на повеќедетните семејства, кој веќе е испробан во Тракија.

Со учество на клирот и мирјаните на Грчката црква, создадени се нови структури за подготовка на родителите и овозможување на консултативна помош околу воспитувањето на децата: курсеви за подготовка за Тајната брак, школи за родителите, центри за давање на консултативна помош и поддршка на семејството. се издаваат специјални книги, се емитуваат радио и телевизиски емисии посветени на семејството и бракот, се одржуваат младински средби на соодветни теми.

Црквата, барајќи ги ближните и оддалечените, не пропушта ниту една прилика за општење со семејствата, тежнеејќи кон тоа да им даде значајна и конструктивна помош, да биде заедно со своите духовни деца, и во радостите и во искушенијата.

Во сегашните услови на посветовеност која се одвива со голема брзина, Црквата продолжува да им ја открива на верниците, како и на оние кои сакаат да живеат вон нејзините рамки, длабоката смисла и значење на христијанското семејство, обидувајќи се на луѓето повторно да им донесе радосна вест, во време на незадржлив нихилизам и губење на секоја смисла за насоченост кон вредностите. Денес смислата на постоењето на институцијата семјство се состои токму во тоа, да се обнови и повторно стекне смислата на христијанската вера и односите меѓу личностите.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манстир

Друго:

 

 Митрополит Етолијски Козма позвао је грчки народ на исповедништво за Христа



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 392
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »