148833.p.jpg

 Старец Пајсиј Светогорец ќе биде канонизиран наскоро


19 декември 2013

Пајсиј Светогорец и останатите старци од Света Гора Атонска ќе бидат канонизирани наскоро,  известува веб сајтот AgionOros.ru, повикувајќи се на авторитативниот грчки портал Hellas Orthodoxy.

Пред неколку месеци истиот портал, повикувајќи се на извор од Света Гора Атонска, беше првиот што ја објави информацијата за претстојната канонизација на старец Порфириј Кавсокаливит. Според последните известувања од Света Гора Атонска, во текот на следните неколку дена старец Пајсиј (Езнепидис) Светогорец ќе биде канонизиран. Нешто подоцна ќе следат канонизациите на старец Амфилохиј од Патмос, старец Софрониј Сахаров од Есекс и старец Ефрем Катунакиски.
Канонизацијата, пак, на старец Јосиф Исихаст, подвижник којшто  е општопризнат во православниот свет, исто така не е далеку.

Извор: Бигорски манастир