ОТКРИЕНИ СЕ НЕТЛЕНИТЕ МОШТИ НА РОМАНСКИОТ „РАСЧИНЕТ“ СВЕШТЕНИК  
 
11/12/2013

Откриени се нетлените мошти на познатиот романски антикомунист и антиекуменист отец Георги. Монасите  од мананстирот   „Петру Вода“ бараат Синодот на Романската Црква да го канонизира , иако отец Георги бил расчинет од истиот тој синод  и своевремено  не го прифатил  расчинувањето,  туку продолжил да служи.

Пред неколку денови во романскиот манастир Петру Вода според востановениот  црковен обичај се изврши   есхумација  на  моштите на отец Георги Калчу-Димитреса (1925-2006).

Според Романската црковна традиција,  тоа се изврши после седум години од денот на неговото упокојување – 21 ноември 2006 г.
Моштите на подвижникот се нетлени.

Моштите се најдени нетреулежни, со што се потврдила светоста на неговиот живот.
Познатиот романски свештеник и дисидент во времето на диктатурата на Чаушеску, о. Георги Калчу Димитреса,  се упокои во клиниката во американската држава Вирџинија, на  старост од 80 години..

993815_717263044960011_643161276_n

Отец Георги беше симбол на спротивставувањето  на диктатурата на комунистичката власт во Романија – тој отворено ја заштитуваше  Верата, без да стравува од затворот, гонењата и смртта.

 Поминувајќи многу години по затворите на својата татковина,  отец Георги бил ослободен после интервенцијата на американскиот претседател Роналд Реган во 1983 година заради  американските геополитички причини. После тоа бил принуден да замине во САД .

Во 1989 година  тој станал настојател на романската Црква  „Светиот Крст Господов“ во Александрија, држава Вирџинија.
 
Дури после падот на  Чаушеску  во 1990 г. отец Георги доаѓа во Букуреш каде што врши молебен на еден од плоштадите  и покрај присуството на „Секуритате“ и после тоа често се враќа во романската земја.
 pr-ghe-calciu-moastele

Во 2006. година  започнува да гради  нов храм за романската паства во округот Вашингтон на брегот на реката Потомак во државата Мериленд. Не му беше дадено да го види завршувањето на храмот,  зашто се претстави на Бога  на  21. ноември  2006 година во својата американска парохија,  а според заветот неговото свето  тело беше  вратено во Романија.

Бил расчинет од водството на романската православна Црква  во 1984 година заради политички причини, но тоа расчинување верните не го прифатиле  и продолжил да служи  во Америка.

1441539_418791218244226_1414393284_n

Зборови на отец Георги за екуменизмот:
 
-- Екименистичкиот покрет е акција иницирана  од нашите современици кои се обидуваат да ги изедначат религиите и нациите,  акција која што масонеријата ја промовира веќе подолго време.  Јас сум против екуменизнот  и тоа го сметам за најголема ерес  на нашиот век.
- Екуменизмот се обидува  духовно да ги изедначи вероисповедувањата , изедначувајќи ги  духовно  до најниското ниво  и особено да го уништи Православието.

. - Екуменизмот се обидува со некои   „благородни“   идеи:
да се љубиме едни со други.   Зошто би го спореле тоа?   Да имаме заеднички молитви,  зашто божем заедничките молитви  го наоѓаат  патот  до Бога и на тоа слично.  Тоа се работи кои се идолотриски  илузии!   Ѓаволски илузии!
- Се`  повеќе и повеќе  го гледам говорот против екуменизмот  и  се` повеќе и повеќе оваа света опозиција доаѓа до ушите на верните.

Преведе: М. Даниловска