Заедничка Декларација за киднапираните митрополити и за прогонот на Христијаните
16. 05. 2013

images.jpg

Според репортажата на Ромфеа, денес претставниците на сите вероисповеди во Република Конго издадоа заедничка Декларација во врска со киднапирањето на двајцата архиереи во Алепо, како и so прогонот врз христијаните во Сирија.

Според Декларацијата, претставниците на сите вероисповеди во Република Конго се длабоко огорчени поради слепото насилство што се врши врз христијаните и нивните места за богослужба. Исто така, во оваа Декларација се изразува жалење поради злонамерното уништување на црквите и на другите богослужбени места на христијаните во Сирија.

Осврнувајќи се на киднапирањето на двајцата архиереи, претставниците наведуваат дека целосно се осудува процесот на затворање христијани без судење, како и насилното одземање на нивните животи.

Се додава дека досега се погубени многу верници, христијани, свештеници и епископи, а голем дел се држат во заложништво, како што е случајот со митрополитот на градот Алепо Павле од православната Антиохиска патријаршија и сиројаковитскиот епископ г. Јован.

На крајот од Декларацијата, меѓу другото, се наведува: „Пред оваа грозна и неприфатлива листа, во свет кој стреми кон почитување на правата на човекот, неодложно ја повикуваме меѓународната заедница, сите началства кои имаат удел во власта, како и секој човек со добра волја, да земат учество во ослободувањето на верните христијани, свештеници и епископи кои се држени во заложништво, да се погрижат околу заштитата на  невините жртви на прогонствата и нивните места за богослужение и итно да се заложат за повторно востановување на мирот во земјата.

Потписите на претставниците:

dilosi_copy.jpg

Извор: Ромфеа

Преземено од : Бигорски манастир