логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Валаам – химна на убавиот Север (06.08.2012 15:24)


Со право може да се каже дека во Валаамскиот манастир православната архитектура и духовноста испеале химна на убавината на природата во рускиот Север. Големите уметници и научници на 19 и 20 век доаѓале тука да ја почувствуваат привлечноста на северната природа и да се исполнат со благодатта на овој крај.

Валаам е најголемиот остров на истоимениот архипелаг на Ладошкото езеро. Специфичната геолошка градба и географската положба прават архипелагот да има посебна микроклима. Причината за ова се крие во карпестата подлога и во самото Ладошко езеро – најголемото езеро во Европа.

Како да се отиде

Денес островот Валаам е задолжителен дел од туристичкото крстосување со брод по Ладошкото езеро. За да се посети островот, треба да се купи карта за крстосување на линијата Москва – Санкт Петребург или за бродовите кои тргнуваат од Речното пристаниште во Петербург.

Дводневни посети на Валаам организира поклоничката служба на манастирот со седиште во Санкт Петербург. Во стандардната програма влегува патувањето со автобус до Приозерск и понатаму со бродот до островот, сместување во поклоничкиот хотел „Мансарда“ со едно ноќевање, ручек во монашката трпезарија, екскурзија низ централниот комплекс на Валаамскиот манастир, посета на Николскиот скит и Игуменските гробишта, сеноќно бдение во долниот храм на Спасо-Преображенската црква, одење до Скитскиот остров, втор ручек и враќање во Санкт Петребург.

Валаам е познат, пред сѐ, благодарејќи на Спасо-Преображенскиот машки манастир со величествената црква и камбанаријата висока 72 метри. Околу манастирот и на островите на архипелагот монасите низ вековите основале скитови, граделе капели и поставувале поклонички крстови. Посебно место во историјата на манастирот имаат инженерските конструкции: изворите на стрмните карпи, пловните канали и системите за исушување.

Во минатото монасите самите си ги обезбедувале сите видови на прехрамбени производи: овошје, зеленчук и месо. Во топлите градини на островот зрееле лубеници тешки и по осум килограми и дињи од три килограми. Одгледувале и лековити билки, а кај овие лекари доаѓале пациенти дури од престолнината на Руската империја. Во повеќе наврати манастирот го посетувале руските цареви и членовите на царското семејство. Од 1842 година, кога почнал да сообраќа параброд на линијата Петербург-Валаам-Сердобол (Сорталава), почнале и редовните посети на поклониците. Во деновите на празниците манастирските трпезарии примале и по четири илјади гости.

Посетителот на Валаам може да ужива во неговите стрмни карпести брегови и борови шуми. Овде инспирација наоѓале сликарите Иван Шишкин, Архип Куинџи, Николај Рерих и Роквел Кент, а во 19 век питомците на Санкт-Петребуршката ликовна академија овде ги сликале своите дипломски работи. Валаам го посетувале и писатели и поети, како на пример, Фјодор Тјутчев, Николај Лесков, Александар Дима (таткото), композиторите Петар Чајковски и Александар Глазунов, патеписецот Николај Миклихо-Маклај и авторот на таблицата на хемиските елементи Дмитриј Менделеев.

Покрај програмата за стандардни еднодневни екскурзии со посета на централниот манастирски комплекс, како и Воскресенскиот и Гетсиманскиот скит, гостите во договор со месните жители можат да изнајмат кајче за риболов или да се повозат со моторен чамец помеѓу островите и по каналите, да се искапат и од рибарите да купат малку сушена или димена риба. Тука природата е исклучително убава, а водата е полна со риби. Не е ни чудо што првите луѓе дошле тука многу порано од појавата на христијанството. Затоа на островот има и древни кругови, обложени со камења и натписи.

Христијанското братство првпат се спомнува во изворите од 10 век, каде се зборува за преподобните грчки монаси Сергеј и Герман, кои дошле од Истокот, пренесувајќи ги Божјите зборови. Нивната улога во основањето на монашкото братство никој не ја доведува во прашање, но затоа околу времето на изградбата на првиот манастир и денес постојат различни мислења: според едни тоа било во 10-11 век, а според други во 12-14 век. Тоа не е нешто необично, бидејќи овде поминувала границата помеѓу Русија и Шведското царство, така што оваа територија често била зафаќана со воени дејства и уништувања. Во тие војни исчезнало и житието на преподобните валаамски подвижници Сергеј и Герман, но затоа нивните мошти, погребани во храмот, се сочувани до денес.

За Валаамскиот манастир со сигурност може да се зборува почнувајќи од 1407 година, кога тој се спомнува во пишаните извори. Тогаш на архипелагот веќе живеееле околу 600 монаси. Во тој период манастирите не биле само потпора на верата и центри за просвета, туку и тврдини на северните граници на тогашното Новогородско кнежество, а подоцна, кога после походот на Иван III оваа територија се припоила кон Русија, и на границите на руската држава. Меѓутоа, Валаамскиот манастир не станал тврдина во правата смисла на зборот. На почетокот од 17 век тој повеќе не бил на граница, но во 1617 година е склучен Столбовскиот договор со кој целиот архипелаг, заедно со манастирот, преминал во рацете на Швеѓаните.

Кога во 1721 година завршила Северната војна, според Ништатскиот мировен договор Западна Карелија е вратена на Русија. Трпеливо и упорно монасите почнуваат да го обновуваат стариот манастир, поточно одново го градат. На островот се носи плодна земја за овоштарник и јагодести плодови.

  

 Каде да се престојува

Оние кои сакаат да поминат некое време на Валаам, можат да престојуваат во хотелот „Зимски“, кој се наоѓа во селцето Валаам, недалеку од манастирот, покрај Знаменската капела. Хотелот се наоѓа во еден дел од зградата подигната уште во 1900 година, така што во него има атмосфера на стогодишна зграда: вискоите сводови и тесните соби потсетуваат на монашки келии. Двокреветна келија чини две илјади рубли (50 евра) или повеќе, во зависност од видот на сместувањето. За истите цени се нуди сместување и во хотелот „Игуменски“, кој се наоѓа во централниот комплекс на Валаамскиот Спасо-Преображенски манастир, близу пристаништето во манастирскиот залив.

Монашката заедница доживува процут во времето на игуменот Дамаскин. Тој раководел со манастирот 42 години, почнувајќи од 1839 година, и токму тој на островот го донел петребуршкиот академик, архитектот Алексеј Горностаев. Тој го проектирал и започнал со изградба Спасо-Преображенскиот храм кој може да собере три илјади верници. Манастирот дури имал и своја флота. Манастирскиот параброд „Свети Никола“ низ езерото влечел сплавови и чамци со поклоници. Патем, до 1917 година, гостите низ островот можеле да се движат само по земен пат и тоа во придружба на монасите.

После Октомвриската револуција западниот дел од Ладошкото езеро со Валаамскиот архипелаг припаднал на Финска. После Втората светска војна архипелагот и западниот брег на Лагода се вратени на Советскиот Сојуз, но за тие 30 години, колку што бил дел од друга земја, манастирот запустел. Во повоениот период овде било донесено цивилно население, а дури во 1989 година се одлучило манастирот и некои други градби да се вратат на Руската Православна Црква. На 13 декември истата година, на денот на апостолот Андреј Првоповиканиот, на островот дошле првите шест монаси, а на 13 декември 2005 година на старата камбанарија повторно одекнала камбаната „Андреј Првоповиканиот“, тешка над 16 тони.

 

Алексеј Хованов

Извор: Руска реч, РИА Новости

Преземено од:  МПЦ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 152
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 384
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »